Со опционалниот Head-up-Display имате важни информации во директното видно поле: брзината, известувањата на системите за помош на возачот или навигациските напомени. Податоците се проектираат на површина која излегува од контролната табла пред предното стакло - така што имате сè директно пред очите а Вашиот поглед и понатаму останува на улицата. Информациите може добро да се прочитаат дури и при светло од спротивната страна. Доколку во моментот не Ви е потребен Head-up-Display, тој се спушта во инструментната табла прецизно и заштитен од прашина.