Целиот свет на дигиталните и сервисните услуги на Volkswagen ја носи конективноста во вашиот Tiguan на едно повисоко ниво: По желба, VW Connect Plus нуди дополнителни паметни технологии.
Кон тоа припаѓа и интелигентната навигација, преку која речиси во реално време добивате актуелни информации за сообраќајот во врска со измени на патот или пак можете да бидете предупредени за пречките во сообраќајот. Благодарение на интелигентното онлајн пресметување рута можете да реагирате флексибилно на изменетите услови и на тој начин да дојдете до најдобрата рута. Онлајн ажурирањето мапи овозможува вашиот материјал за мапи да биде секогаш актуелно ажуриран. А со најновите информации за цени на бензинските станици и за слободни места за паркирање во катните гаражи и на јавните паркинзи ќе пристигнете уште поопуштено.