Со опционалниот пакет Offroad-Plus преку дополнителните врвни карактеристики на надворешноста и внатрешноста ќе го истакнете самоуверениот изглед на Tiguan. Алуминиумските декоративни додатоци му даваат на кокпитот уште подинамичен изглед. Исто како и педалите и потпорите за стапала од исчеткан не'рѓосувачки челик или робустните гумени простирки. Но внатрешноста е исто така и технички извонредна. Покрај тоа LED фаровите за време на патувањето се грижат за дополнителна придобивка на комфор. Тие го содржат динамичното регулирање на долгото светло "Dynamic Light Assist", со кое при брзина од 60 km/h постојано може да возите со долго светло без да го заслепите сообраќајот од спротивната страна¹, како и динамично светло за возење по кривини со предвидлив ефект. Благодарение на интеракцијата на предната камера и навигацискиот систем, во највистинска смисла на иновативната техника кривините се осветлуваат до две секунди пред влегувањето во нив - независно од аголот на управувачот.
Im Rahmen der Grenzen des Systems