Привлечете внимание со Вашиот Tiguan. Со опционалниот R-Line пакет "Надворешност & внатрешност".

R-Line.

Јасни линии, маркантни форми и динамичен дизајн - со R-Line пакетот "Надворешност & внатрешност" ќе ги нагласите карактеристичните особини на новиот Tiguan. Мажествено делуваат и браниците во боја на возилото - напред со карактеристична C сигнатура во црна боја со голем сјај. Задниот спојлер, дифузерот, проширувањата на куќиштата на тркалата со црна зрнеста структура и додатоците на вратите во боја на возилото јасниот изглед го прават целосен. Дополнителни спортски детали се дизајнерските лајсните со R-Line лого на страничните делови на предните врати и R-Line логото на решетката за ладење. 19-инчните тркала од лесен метал Sebring со исполирани рабови во дизајн од 5 двојни краци во Grau Metallic боја се грижат за впечатлив изглед. Опционалните 20-инчни тркала од лесен метал Suzuka во Dark Graphite боја со исполирана површина зрачат со моќна супериорност.,

Но карактерот го докажува исто така и внатрешноста - на пример со предните лајсни за качување од алуминиум со R-Line лого.  Или со повеќефункцискиот спортски управувач во кожа со R-Line лого. Тој има вдлабнати места за држење за динамично возење, а во долниот дел е рамен.

Исто така впечатливо: Педалите и потпорите за стапала од исчеткан не'рѓосувачки челик со подлога против лизгање со добро лежиште, простирките за стапала со украсни шевови во кристално сива боја и декоративните додатоци во Black Lead Grey боја. Оптимално држење и спортски изглед нудат предните седишта со врвен комфор. Тие се обложени со материјалот Race во магнетно сива боја и на потпирачите за грб се означени со R-Line логото. Ефектни акценти даваат и внатрешните перничиња на седиштата од микрофибер San Remo во антрацит боја со кристално сиви украсни шевови. Соодветно на тоа: внатрешен дел на покривот во црна боја. Потпирачите за глава, надворешните перничиња на седиштата и средишното задно седиште, исто како и средишните потпирачи за раце и додатоците на вратите се од кожа. Опционалната кожна опрема Vienna во црна боја се добива заедно со предните седишта со врвен комфор кои може да се загреваат. Она што навистина привлекува погледи на потпирачот за грб е карактеристичното R-Line лого.

Затвори
За најдобро искуство при користење на веб-страницата
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Продолжувајќи да ја користите нашата страница, вие ја прифаќате употреба на нашите колачиња (основни колачиња). Колачињата што се предмет на задолжително одобрување (аналитички колачиња, функционални колачиња, колачиња за персонализирана содржина) се активираат само по нивното активирање. Ако се согласите да користите колачиња, податоците за идентификација ќе бидат обработени од наши партнери (даватели на колачиња и даватели на ИТ услуги). Одговорна за оваа веб-страница и колачињата е „Порше Македонија ДООЕЛ Скопје”. Дополнителни информации за користените колачиња и нивното деактивирање може да се најдат
Активирајте ги сите колачиња
Затвори мени

Tiguan

 
Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team