На динамичниот дизајн на новиот Tiguan подарете му уште поголем израз - со пакетот R-Line "Екстериер". Почнувајќи кај маркантните браници во боја на возилото, напред со карактеристична C сигнатура во црна боја со голем сјај. Проследено со динамичен заден спојлер, впечатлив дифузер и црни проширувања на куќиштата на тркалата, како и додатоци на вратите во боја на возилото. Сјајните дизајнерски лајсни со R-Line лого на страничните делови на предните врати и R-Line логото на решетката за ладење даваат дополнителни спортски акценти. Мажествениот изглед се заокружува со 19-инчните тркала од лесен метал "Sebring" со исполирани рабови во дизајн од 5 двојни краци во Grau Metallic боја. По желба како апсолутна врвна карактеристика изберете ги 20-инчните тркала од лесен метал "Suzuka" во Dark Graphite боја со исполирана површина.