Подготвени сте за концерт по Ваша желба? Во програмата има две радија и два навигациски системи, сите првокласно опремени.
Сериското радио "Composition Colour" има дисплеј во боја чувствителен на допир со големина од 16,5 cm (6,5 инчи), со кој може да се репродуцира и музика во MP3 и WMA формат. Прима FM радиостаници и располага со два интерфејси за USB (тип C). Вашиот мобилен телефон можете да го приклучите и преку Bluetooth. Тонот се емитува преку осум висококвалитетни звучници.
Кон опционалното радио "Composition Media" припаѓаат осум звучници. Ги содржи сите функции и можности за приклучоци на претходните модели, како интерфејс за USB и Bluetooth поврзување за мобилни телефони. Покрај тоа, со екранот на допир во боја со големина од 20,3 cm (8 инчи) тоа е особено комфорно за ракување.
Исто така и опционалниот навигациски систем "Discover Media" е опремен со екран на допир во боја со големина од 20,3 cm (8 инчи). Освен тоа радувајте се на осум звучници, FM радиоприем, читач за CD, репродуцирање на музиката исто така и во MP3, AAC и WMA формат, два отвори за SD-картички и интерфејси за USB, како и интерфејс за мобилен телефон преку Bluetooth.
Доколку сакате повеќе: Опционалниот навигациски систем "Discover Pro" нуди иновативно управување со гестови. Со тоа на пример со движење на раката ќе префрлате од радиостаница на радиостаница или ќе ги менувате системските поставувања на Вашето возило, како интензитетот на осветлувањето на инструментната табла. Дополнително има екран со големина од 23,4 cm (9,2 инчи), на кој прегледно може да се изврши 3-D приказ на мапа. Располага со осум звучници, FM радиоприем, читач за DVD, репродуцирање на музиката исто така и во MP3, AAC и WMA формат, два отвори за SD-картички и интерфејси за USB, како и телефонски интерфејс преку Bluetooth.
Сите наведени уреди покрај тоа се опремени со Diversity антена, која во тешки услови сама придонесува за добар прием.