За сите оние кои понекогаш сакаат да си олеснат: Опционалниот систем за помош при маневрирање со приколка "Trailer Assist" значајно го олеснува маневрирањето наназад со приколка во рамките на системските граници. Маневрирањето наназад може да биде потешко во тесни коридори. Но "Trailer Assist" помага и кога е тесно. Сè што треба да направите: поставете степен за возење наназад, притиснете го копчето за паркирање и со помош на копчето за управување поставете ја саканата насока на движење на приколката. Тоа е сè. Сега потполно релаксирано набљудувајте како "Trailer Assist" ја маневрира приколката во насоката која сте ја одредиле. Системот го презема управувањето за Вас - но се разбира Вие ја одредувате насоката. Сосема едноставно преку прекинувачот за поместување на ретровизорите. За време на процесот на маневрирање задржете ја контролата со сопирачката и гаста и имајте преглед врз целата околина на возилото. Покрај тоа, можете да интервенирате со одново притискање на копчето за паркирање или со движење на управувачот.