Внатрешните вредности на Tiguan ќе Ве освојат. Затоа што неговиот самоуверен карактер се истакнува и во внатрешноста со висококвалитетно обработени материјали. Воочлив е хармоничниот концепт на дизајн, кој се истакнува со прегледност и јасност не само во делот на кокпитот ориентиран кон возачот. Поради тоа, патниците уживаат во великодушна слобода за нозете во предниот и задниот дел на Tiguan. Сите три варијанти на опрема сериски се предвидени со атрактивни декоративни додатоци. Седиштата во основната верзија се опремени со материјалот "Microdots", Comfortline маѓепсува со материјалот "Rhombus" а во Highline освојува микро материјалот во дизајн "ArtVelours". Опционално од Comfortline ја добивате кожата "Vienna".