Touareg

Новиот Touareg

Достапен во салоните на Volkswagen. Нова генерација на SUV. Новиот Touareg e дизајниран со самодоверба која се отсликува преку својот сигурен и едноставен дизајн. Можностите за избор на технологија, како што се електромеханичката стабилизација, LED Мatrix предни светла и Innovision кокпит, овозможуваат зголемена удобност, речиси перфектно возачко доживување и ентузијазам на сосема ново ниво.

Стилски светови Одберете го тоа што ви се допаѓа: високо-технолошки изглед, топло дрво, елементи од кожа или спортски детали? Што и да одлучите, со луксузните нивоа на опременост "Elegance", "Atmosphere" или R-Line, можете да го докажете вашиот стил.

Ниво на опременост "Elegance"

Eксклузивна естетика.

Touareg "Elegance": Стилскa елеганција за исклучителен дизајн.

 

Ниво на опременост "Atmosphere"

Ослободете ги вашите сетила.

Touareg "Atmosphere" не прави компромис. Опремен со благородни материјали и исклучителен комфор.

 

Ниво на опременост "R-Line"

Динамичко присуство.

Новиот Touareg добива спортски предизвик. Со нивото на опременост "R-Line" Touareg го покажува својот карактер уште појасно - одвнатре и однадвор.

 

Галерија

Погледнете го новиот Touareg од различни перспективи.

Погледнете го новиот Touareg од различни перспективи.

Touareg во 360 степени

Дизајн. Новиот Touareg поставува нови стандарди со експресивен и прогресивен дизајн. Одвнатре, доминира со многу индивидуални опции за персонализација.

Надворешност

Истражете нови патеки.

Стил во нова форма: моќна предница со остри странични линии, впечатливи LED светлосни групи - новиот Touareg комбинира SUV со елеганција и динамичност.

IQ светло - LED Matrix предни светла

Технолошки напредок.

Осветлување без одблесок во речиси сите ситуации: опционалните IQ LED Matrix предни фарови со динамичен асистент за долго светло ја осветлуваат вашата патека без да влијаат на другите учесници во сообраќајот во вашето опкружување.

"Black Style" Пакет

 Оставете впечаток со "Black Style" пакетот.

Направете го вашиот Touareg "R-Line" уште поатрактивен. Со дизајнерскиот пакет "Black Style"* можете да додадете уште поголема експресивност на надворешноста на вашето возило.

* Опционално достапно. За повеќе информации консултирајте се со Вашиот Volkswagen партнер.

 

Панорамски кров
Тркала
Декоративни елементи

Лизгачки покрив со панорамски кров

Поглед кон авантурата.

Опционалниот панорамски сончев покрив со панорамски кров на задната страна нуди импресивно чувство за простор и пријатна атмосфера на осветлување во вашиот Touareg. Свеж воздух, непречен поглед на небото и чувство на неограничена слобода се достапни на допир на едно копче.

Тркала

Тркала кои ги посакувате. Дизајн кој инспирира.

Touareg има доволен избор на фелни за сечиј вкус: од динамично - спортски до стилско елегантни - елементи кои допринесуваат за целокупниот изглед на надворешноста и го прават непогрешливо Touareg.

Декоративни елементи

Кој тип сте вие?

Атмосферата во внатрешноста на вашиот Touareg е под силно влијание на декоративните елементи. Опционално, можете да изберете помеѓу различни нивоа на опремата, кои на ентериерот на вашето возило му даваат уште поголема индивидуалност и карактер.

Innovison Иновативниот кокпит e една од главните карактеристики на Touareg. Широкиот, закривен екран со брилијантна презентација нуди уникатна ориентација на возачот и интуитивен оперативен концепт.

Innovision кокпит

Ракувајте со контролниот центар со леснотија.

Седнете во пилотската кабина на иднината: возачот на Touareg има на располагање голем закривен екран и управува со дигиталните дисплеи со допир, гест или говор.

Discover Premium

Уживајте во инфозабава во нова димензија.

Опционалниот систем за навигација "Discover Premium" превзема нови димензии: со својот огромен екран на допир од 38 сантиметри, тој може да прикаже повеќе информации и да обезбеди широк спектар на функции.

Дигитален кокпит

Информациите кои ви се потребни.

Дигиталниот кокпит и опционалната дигитална табла за инструменти, може да ви даде многу повеќе информации од брзината, моменталната брзина и состојбата на гориво - можете да ги прилагодите информациите за да одговараат на вашите потреби. Големиот екран и иновативните карактеристики ви даваат поголема јасност од кога било досега.

Head-up дисплеј

Вашиот поглед е секогаш на патот пред вас.

Вашиот поглед останува на патот, но сепак можете да видите важни информации за возилото. Опционалниот екран ја проектира моменталната брзина и информациите од уредот за навигација на предното ветробанско стакло.

Комфор Очекувајте удобност на највисоко ниво. Со Touareg ќе бидете господари на патот, со простран ентериер, практична опрема и иновативна технологија за секојдневно возачко доживување.

Простор

Искусете сосема нова слобода.

Вие и вашите патници ќе се чувствувате пријатно, бидејќи Touareg исполнува луксузен дизајн со извонредна функционалност. Големиот карго простор и електричната задна врата овозможуваат огромна флексибилност со висок фактор на удобност за вашите активности.

Амбиентално осветлување

Уживајте во внатрешноста во вашата омилена боја.

Кога ќе зајде сонцето, Touareg добива особено пријатна атмосфера. Причината за тоа е разнобојната амбиентална светлина. Со 30 бои, секогаш ќе возите во осветленото расположение што го барате.

ЕrgoComfort седишта

14 начини на релаксација.

Уживајте додека возите. Опционалното седиште ergoComfort за возачот и совозачот може да биде опремено со функција за масажа. Различните програми помагаат да се ослободи тензијата. Останете подготвени, дури и по неколку часа зад воланот.

Систем за затворање на вратите
Climatronic
Easy Open / Easy Close

Систем за затворање на вратите

Нов концепт на затворање на вратите.

Во тесни места за паркирање, не можете секогаш да имате доволно импулс за безбедно да ја затворите вратата на автомобилот. Со дополнителниот вакум на вратите, нема потреба од многу енергија, бидејќи вратите автоматски се повлекуваат и се затвораат кога се подотворени.

Клима уред "Air Care Climatronic"

Бидејќи секој има различна температурна сензација.

Која е вашата удобна температура? Со стандардниот систем за климатизација "Air Care Climatronic" со алергенски филтер, возачот и совозачот можат да ги прилагодуваат своите поставки независно еден од друг. Опционалниот 4-зонски "Climatronic", исто така, ги зема во предвид различните потреби на патниците во задниот дел.

Easy Open / Easy Close

Отвора сосема нови можности за вас.

Немате слободна рака? Опционално достапната функција "Easy Open" ви овозможува да ја отворите задната врата без напор. И благодарение на "Easy Close" само треба да притиснете едно копче за да го затворите багажникот.

Системи за помош. Touareg не престанува да импресионира кога е во прашање технологијата, затоа што поседува иновативни системи за помош на возачот, кои за прв пат се вградуваат во возилата на Volkswagen.

Night vision.

Погледнете во мракот.

Веројатно знаете што е Night Vision од шпионските филмови. Сега можете да го имате истиот уред во вашето возило.

Проактивен систем за заштита на патниците

Заштита од сите страни.

За да се заштитите себеси и вашите патници, можете да го обезбедите опционално достапниот систем за заштита на патниците од сите страни. Ако се открие ризик од судир, автоматски се преземаат заштитни мерки, како што се затегање на сигурносните појаси, исправање на седиштата и затворање на прозорците и панорамскиот покрив.

Помош при паркирање
Асистент за сообраќаен метеж.
Адаптивен темпомат ACC
Асистент за раскрсници.

Park Assist

Паркирањето е финеса.

Функцијата "Park Assist" елегантно ќе ве наведе на вашето паркинг место. Се што треба да направите е да ја контролирате брзината, педалите за кумплунг и сопирачката, а за остатокот ќе се погрижи системот на Touareg.

Асистент за сообраќаен метеж.

Поддршка за сообраќај со тргни-застани.

Опционалниот Traffic Jam Assist го ослободува притисокот на возачот во услови на закочен сообраќај, овозможувајќи помош во избегнување на сообраќајни несреќи при мала брзина на движење.

Адаптивен темпомат ACC

Најдоброто возење..... е на долги патеки.

Далеку еден од најкорисните системи за помош на возачот: адаптивен темпомат ACC. Едноставно поставете ја вашата брзина и системот ќе ви помогне истата да ја постигнете и одржувате без напор. Дополнително оддалеченоста со возилото пред вас автоматски се одржува со помош на овој систем.

Асистент за раскрсници. 

Бидејќи не можете секогаш да видите што се крие во аголот.

Приклучувањето во таканаречените "слепи" улици, во кои аголот на видливост е значително намален, ја отежнуваат работата на возачот. Со помош на радарската технологија во новиот Touareg, Intersection Assist системот помага со тоа што ќе погледне околу аголот. Системот ќе помогне во откривање возила за премин или пешаци во рана фаза.

Искуство во возењето. Без разлика дали сакате да возите на или надвор од патот, новите технологии му овозможуваат на Touareg исклучителни возни карактеристики.

Електромеханичка активна стабилизација. 

Дали уживате во свиоците на спортски начин? Опционалната електромеханичка активна стабилизација ја намалува потребата за мали движења на управувачот и тенденцијата за под-управување. Резултатот? Неверојатно динамични возни карактеристики.

Погон на сите тркала.
Воздушна суспензија
Off-road пакет

Погон на сите тркала.

Благодарение на погонот на сите тркала, Touareg има поголема стабилност и полесно маневрирање.

Кругот на вртење е помал, кога е подеднаква силата на предните и задните тркала. Оваа технологија, ја зголемува стабилноста и леснотијата на управувањето.

Воздушна суспензија

Секогаш на максимумот.

За да избегнете неудобно возење, опционално Touareg можете да го опремите со воздушна суспензија. Со тоа возилото ќе ја адаптира сопствената висина на секој терен.

Off-road пакет

Господар на предизвикувачки терени.

Со опционалниот теренски пакет, вашиот Touareg може да биде опремен за авантуристичка употреба надвор од патот. Со изборот на профил на возење, Touareg ќе се справи со различните терени со леснотија.

Инфотејнмент Во новиот Touareg вие сте оптимално поврзани. Уживајте во забавата на начинот на кој го сакате - со супериорен аудио систем. Радиото, навигацијата и функциите на возилото понекогаш се полесни за употреба со гестови.

Always on.
Навигација
Car-Net
Телефон
Dynaudio
App Connect и медиумска контрола

Always on

Секогаш во добро расположение.

Во Touareg постојано сте поврзани. Фабрички вградената eSIM картичка го обезбедува вашиот пристап до Интернет - а со тоа и онлајн услугите од Car-Net. Постојано ќе бидете во тек со сите новости и ќе уживате во забавата непрекинато.

Навигација

Навигацијата може да биде толку пријатна.

Стандардниот систем за навигација "Discover Pro" со голем екран осетлив на допир со екран осетлив на допир, не остава неисполнети желби. Покрај тоа, Touareg опционално нуди "Discover Premium", кој заедно со дигиталниот кокпит, закривениот дисплеј насочен кон возачот и новиот интуитивен оперативен концепт, ја прават командната табла целосно дигитална. 

Car-Net

Поврзаниот свет на Car-Net е отворен за вас.

Мобилните онлајн услуги во автомобилот наскоро ќе бидат неопходни за вас како вашиот паметен телефон во секојдневниот живот. Дигиталното мрежно поврзување ја подобрува навигацијата и комуникацијата, ви помага да заштедите време со најнови информации, и обезбедува помош кога е потребно.

Телефон

Олеснета комуникација.

Ставете крај на хаосот од кабли во автомобилот. Опционалниот "Business" телефонски интерфејс овозможува одличен прием и можност за индуктивно полнење на паметни телефони.

Dynaudio

Откријте го светот на звуците.

Touareg е опремен со највисок квалитет на аудио систем. Опционално достапен е одличниот 7.1 Dolby surround систем од DYNAUDIO, со 14 звучници прецизно прилагодени на акустиката на возилото.

App Connect и медиумска контрола

Постојат и апликации за вашиот Touareg.

Во Touareg, благодарение на App-Connect, можете да го поврзете вашиот паметен телефон со инфозабавниот систем и да користите многу апликации додека возите. Volkswagen Media Control им овозможува на патниците да ја определат програмата преку мобилен уред.

Ценовник