VW TOUAREG: ACC & FRONT ASSIST

 

Во патниот сообраќај можете да бидете поопуштени, доколку одржувате доволно растојание од возилото пред Вас. По желба достапниот систем за автоматско регулирање на растојанието ACC Ви помага во тоа. ACC ја мери оддалеченоста и релативната брзина на возилата што возат пред Вас. Притоа, еден сензор ја регистрира областа пред возилото. Во колони или при застој, системот го запира Вашиот Volkswagen сè до состојба на мирување. Системот може, во рамките на своите граници да одржува растојание на Вашето возило од возилата пред него при брзина до 250 km/h.

Понекогаш се случува нешто непредвидливо, така што е неопходно брзо и нагло сопирање. Во такви случаи може да Ви помогне и системот за набљудување на околината Front Assist со вклучена City-функција за вонредно сопирање. Доколку во рамките на системските граници се препознае критична возна ситуација, Front Assist го предупредува возачот акустично и подготвува можно сопирање.

Доколку со сопирањето не може да се ублажи ситуацијата, системот автоматски воведува процес на сопирање, којшто во даден случај ја намалува брзината на судирот. Исто така, и за време на фактичкото сопирање, Front Assist му помага на возачот и се грижи - доколку е потребно - да се искористи максималната сила при сопирање.

City-функцијата за вонредно сопирање е системско проширување на Front Assist, која што делува во Stop-and-Go сообраќајот во град. Таа автоматски сопира пред препреки и може да помогне да се намалат последиците од судирот или во идеален случај целосно да се избегне незгодата.

 

Noch mehr Infos zum Front Assist finden Sie hier

Close