Постојат и апликации за вашиот Touareg.

Постои апликација за сè. И многу за Touareg. App Connect со Android Auto ™, Apple CarPlay ™ и MirrorLink® може да го поврзе вашиот паметен телефон со инфозабавниот систем на возилото. Вклучени на овој начин, избраните апликации може да се управуваат од вашиот мобилен телефон со користење на голем екран на допир во Touareg. Повеќе апликации користат информации за возилото за возбудливи функционалности: "Мојот водич" може да ви покаже интересни дестинации во близина, земајќи го во предвид времето. Со "Моите правила" можете на пример автоматски да испраќате СМС кога ќе стигнете до дестинацијата.

Volkswagen Media Control за Android и iOS може да ги поврзе и вашите патници. Бидејќи со паметен телефон или таблет можете далечински да го контролирате инфозабавниот систем. Ова го олеснува изборот на музички програми, на пример, или за пренесување на навигациски дестинации од адресарот - дури и од задните седишта.

Close