VW TOUAREG: BLUEMOTION ТЕХНОЛОГИЈА

Задоволството при возењето и разумот си противречат? Не кај Touareg со BlueMotion технологија. V6 TDI моторите ја постигнуваат својата намалена потрошувачка со оптимирање на тежината, а иновативното термо управување и Start-Stop системот со повторното добивање на енергија при сопирањето. Освен тоа, за зголемување на ефикасноста придонесуваат и автоматскиот менувач со 8 степени, ефикасно оптимираните генератори на трофазна струја и интелигентното управување со енергија за време на инертната фаза. Исто така, тие мотори се опремени со SCR-катализатор (Selective Catalytic Reduction). Тој селективно ги претвора компонентите на издувните гасови азот оксид (NOx) во азот (N2) и вода (H2O) без формирање на несакани споредни продукти.

Close