VW TOUAREG: DYNAUDIO CONFIDENCE

Dynaudio е еден од водечките производители на High-End звучници. Музичарите, тонските техничари и перфекционистите за звук имаат доверба во овој дански бренд уште од 1977 година. Тие ја ценат природната продукција на звук, којашто овозможува музиката да се слуша речиси како и оригинал - токму онака, како што била снимена.

Музичкиот систем DYNAUDIO Confidence којшто Ви е достапен по желба и е прецизно прилагоден на внатрешниот простор, со 12 звучници и вкупна моќност од 620 Watt се грижи за фантастично доживување на звукот. Дигиталниот 16-канален засилувач со дигитален процесор на сигнали (DSP) може да управува со звукот на тој начин, што на секое место ќе се создаде оптимална звучна сцена. Благодарение на различните профили на звук, можете да изберете дали на пр. музиката сакате да ја слушате особено тивко или пак сакате добро да го разберете изговореното.

Close