Искусете нови форми.

Новиот Touareg ги комбинира димензиите на SUV со јасни линии, динамички пропорции и стилска елеганција. 

Широк, моќен, сигурен: силниот карактер на Touareg најпрвин се појавува во доминантниот фронт. Исправената решетка се поврзува со предните светла, хромираните перки се протегаат од центарот на логото на Volkswagenкон надворешноста на леќите на фаровите. Издолжената хауба е извлечена со чисти линии и дава спортски израз. 

Задниот крај е исто така импресивен: нагласените раменици и широките задни светла го истакнуваат прогресивниот изглед. Натписот Touareg стои самоуверено во средината на задниот дел. Карактеристичниот и динамичен изглед назад е надополнет со сјајниот спојлер на покривот и големите хромирани издувни цевки.

Close