Бидејќи никому не му се допаѓа нејасно.

Сензационален: експресивниот дизајн на опционалните IQ LED матрични светла на вашиот Touareg го привлекуваат погледот. Освен основните функции на соборено и долго светло, со матричната технологија, индивидуалните LED сегменти можат да бидат одделно вклучени и исклучени, со цел да генерираат голем број на распределби на светлината за различни ситуации на возење. 

Кога се вози со долго светло, возилата пред вас и во спротивната лента се детектираат со камера. Одредени LED сегменти се контролираат така што ќе можете постојано да возите со долго светло без да ги заслепувате другите возачи на патот. Ако, на пример, се движите кон сообраќаен знак, сегментот што го осветлува знакот ќе се намали, така што ни вие нема да бидете заслепени од одразот на сообраќајниот знак. 

Без разлика дали патувате во град, во вечерните часови претекнувате друго возило на автопат или возите по автопат во лоши временски услови: сегментите на IQ LED матричните светла се во прилагодена широчина, височина и интензитет на светлината во зависност од ситуацијата во сообраќајот. Технологијата на матрица овозможува многу подобро осветлување на патот и на тој начин обезбедува зголемена безбедност на возилата ан патот - без отсјај и вознемирувачки рефлексии.

Затвори