VW TOUAREG: ВОЗДУШНА АМОРТИЗАЦИЈА

Вашиот Touareg можете по желба да го опремите со комфорна воздушна амортизација. Со програмите по слободен избор COMFORT, NORMAL и SPORT, како и со динамичното регулирање на амортизацијата управувано од сензори, подвозјето ја совладува речиси секоја нерамнина. Притоа, автоматското регулирање на нивото овозможува прилагодување кон најразлични возни ситуации. На тој начин, за кратко време се достигнуваат 300 милиметри растојание од подлогата за екстремни Offroad ситуации или пак преминување преку вода при длабочина до 580 mm.

Close