Touareg импресионира со широк спектар на сериска опрема. Во линиите Elegance и R-Line, вие исто така имате корист од овие карактеристики:
Ако ја изберете линијата на опрема Elegance, вашиот Touareg ќе сјае со елегантен светлосен потпис напред со HD-Matrix фаровите, а одзади со експресивни 3D-LED задни светла и осветлено лого. Во внатрешноста, акцент поставуваат кожниот пакет "Vienna", праговите на предните врати од не'рѓосувачки челик, изборот на декор од дрво или алуминиум и комплетот за бело амбиентално осветлување.
R-Line
Ако се одлучите за линијата на опрема "R-Line", можете да му дадете на вашиот Touareg уште поспортски карактер со 19-инчните алуминиумски тркала "Coventry", браниците во стилот "R", педалите од брусен нерѓосувачки челик и праговите на вратите со логото "R-Line". А за уште подобро искуство во возењето, во возилото го имате на пример, повеќефункцискиот кожен управувач со функција на греење.