Серискиот систем за навигација "Discover Pro Max" е предводник меѓу навигациските уреди на Volkswagen:
• TFT дисплеј во боја од 38,1 cm (15 инчи) со екран на допир
• Оптичка единица со дигиталниот кокпит од 31,2 cm (12,3 инчи)
• Може да се управува со говор, гестови или допир
• Содржи FM радио прием, три USB интерфејси (уште два со опционалниот пакет "Connectivity") како и "Business" телефонски интерфејс преку Bluetooth (телефонски интерфејс "Comfort" достапен со опционален App-Connect)
• Дигитален радиоприем DAB
• Инсталирани мапи за Европа
• Нови мапи со висока резолуција
• Точна навигација според коловозната лента
• Подобрено говорно управување
• Глобално пребарување
• Безжична App-Connect (опционално)