VW Connect

VW Connect за вашиот нов Touareg

Новиот Touareg. Поврзан со светот.

Ein Mann schaut auf sein Smartphone, im Hintergrund steht der Touareg vor einem See.

Уште од самиот почеток целосно поврзани, на располагање имате многубројни VW Connect услуги. По еднократното активирање и најавување со вашиот Volkswagen ID, многу е едноставно и притоа бесплатно да ги користите иновативните онлајн услуги.

VW Connect не само што го прави вашето секојдневие заедно со вашиот Volkswagen попријатно, туку и поудобно. Таа ви овозможува пристап до важни информации за возилото и исто така со повикот во случај на дефект или со планирањето термин за сервис ви нуди и корисна удобност.

А со Volkswagen App за вашиот паметен телефон имате преглед на важни податоци за вашиот Volkswagen дури и додека патувате: На пример, проверете го преостанатиот досег или дали се затворени сите врати и прозорци.

Повеќе за VW Connect

  1. Доколку купите ново возило, имате можност да ги користите дигиталните услуги на VW Connect (Plus) за почетниот рок на траење на договорот, кој се нуди бесплатно. За да ги користите услугите на We Connect (Plus), потребен ви е кориснички налог на Volkswagen ID и мора да се пријавите со корисничко име и лозинка. Откако успешно ќе го креирате вашиот кориснички налог на Volkswagen ID и ќе го поврзете со вашето возило, може бесплатно да ги користите дигиталните услуги во зависност од возилото, земјата, софтверот и опремата, за почетниот рок на траење на договорот. Понатаму, мора да се склучи посебен договор за VW Connect односно VW Connect Plus со Volkswagen AG онлајн на www.myvolkswagen.net или преку апликацијата „Volkswagen“ (достапна во App Store и Google Play Store). Реалната должина на бесплатниот рок на траење на договорот зависи од тоа кога ќе ги активирате дигиталните услуги. Најдоцна од деведесеттиот ден по првата испорака, почетниот рок на траење на договорот, кој се нуди бесплатно, започнува автоматски да се намалува. Може да го видите точниот рок на траење на договорот за вашето соодветно возило на myVolkswagen www.myvolkswagen.net.
  2. Користењето на мобилните онлајн-услуги на VW Connect (Plus) е овозможено преку интегрирана интернет-врска. Трошоците за податоци, поврзани со ова, кои се направени во рамките на Европа се на товар на Volkswagen AG во рамките на мрежната покриеност.
  3. За да ја користите бесплатната апликација „Volkswagen“ потребен ви е паметен телефон со соодветен iOS или Android оперативен систем и СИМ картичка со опција за податоци со постоен или посебен договор за мобилен телефон помеѓу вас и вашиот мобилен оператор. 
  4. Достапноста на поединечните услуги на VW Connect (Plus), опишани во пакетите, може да се разликува според државата. Услугите се достапни за договорениот рок на траење на договорот и може да подлежат на промени на содржината или да бидат прекинати во рокот на траење на договорот. Повеќе информации може да најдете на connect.volkswagen.com и кај вашиот партнер на Volkswagen. Информации за тарифните услови за мобилни услуги може да добиете од вашиот оператор за мобилни услуги.
  5. За Touareg, во моментов, онлајн-гласовната контрола е достапна за следниве јазици: германски, англиски (ВБ), француски, италијански и шпански. За овие јазици, во зависност од верзијата на софтверот на вашето возило, постои и врска со базата на знаење на Wikipedia и со вештачката интелигенција на „ChatGPT“. Напомена: Одговорите на ChatGPT може да варираат, да содржат нецелосни, неточни или нерелевантни информации и може да ги повредат правата на трети страни. Затоа, не потпирајте се на одговорите без да ги проверите со помош на други извори на информации. Исто така, уверете се дека употребата или дистрибуцијата на одговорите, на пр. на социјалните медиуми или на интернет, не ги повредува правата на трети страни (особено авторските права или правата за заштита на податоците). Јазикот на кој може да комуницирате со гласовната контрола зависи од јазикот избран за вашиот инфо-забавен систем. Тој е одговорен и за опсегот на функции на гласовниот асистент, кој може да варира во зависност од поставениот јазик. Ако се согласувате со обработката на податоците за вашата локација за онлајн-гласовната контрола, ќе добиете и резултати од пребарување засновани на локација. Може да дадете согласност директно во инфо-забавниот систем под Мени/Поставување/Гласовна контрола. Доколку не дадете согласност, ќе ви биде достапен само офлајн-делот од гласовната контрола.