VW TOUAREG: ПАКЕТОТ R-LINE "ИНТЕРИЕР".

Touareg со пакетот R-Line "Интериер" изгледа атлетски, а така и се чувствува. За тоа, меѓу другото, се грижи и R-Line повеќефункцискиот кожен управувач со прекинувачи, којшто се загрева, како и интегрираното R-Line лого. Декоративните облоги "Ѕilver Lane" за инструментната табла, тапациорт на вратите и средишната конзола дефинираат спортски стил во внатрешниот простор. Тој продолжува и во просторот за нозе кај лајсните за влегување со R-Line лого, па сè до педалите - обете од не`рѓосувачки челик. Опционалните R-Line спортски седишта со 14 насоки на поставување со извезено R-Line лого на предните потпирачи за глава нудат исклучително странично држење при динамичен начин на возење, како и голем комфор при долги патувања. По избор, достапни се со двобојна навлака од Nappa-кожа или со навлака од комбинација Nappa-кожа/Alcantara.

Close