VW TOUAREG: RNS 850

 

Touareg е создаден за патот и за многу повеќе од тоа. Серискиот и само за Touareg достапен систем за навигација "RNS 850" Ве води речиси насекаде. 3-D мапите, 3-D мапите на градови и 3-D мапите на земји се извонредни показатели на патот; дополнет со пластичниот модел на релјеф, којшто ја олеснува проценката на нагорнини и надолнини. Интегрираниот индикатор за предупредување од застој, како и приказот на ограничувањата на брзината Ви помагаат да бидете во тек со актуелните збиднувања во патниот сообраќај. А за навигацијата можат да се преземат меморираните цели на мобилниот телефон. Комфорното говорно користење овозможува особено брзо внесување на саканата цел на патувањето.

Дополнително, RNS 850 ја нуди најдобрата забава, бидејќи е опремен со екран на допир во боја со големина од 20 cm, говорно користење, како и два интегрирани читачи на SD-картички, секоја за капацитет до 32 GB. DVD-менувачот за DVD-ја во багажниот простор ја репродуцира музиката не само во MP3 и AAC формат, туку со својот голем дисплеј е соодветен и за репродукција на филмови во AVI формат додека возилото мирува. Со дигиталниот радио прием профитирате од значително голем број на програми, непречен прием и од фантастичен квалитет на репродукција со излезна моќност од 4 x 20 Watt. A освен тоа, на хард дискот од 60 GB - покрај податоците за мапи за навигација - достапни се и 18 GB за Вашите медиумски податоци.

Close