За најдобро искуство при користење на веб-страницата
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Продолжувајќи да ја користите нашата страница, вие ја прифаќате употреба на нашите колачиња (основни колачиња). Колачињата што се предмет на задолжително одобрување (аналитички колачиња, функционални колачиња, колачиња за персонализирана содржина) се активираат само по нивното активирање. Ако се согласите да користите колачиња, податоците за идентификација ќе бидат обработени од наши партнери (даватели на колачиња и даватели на ИТ услуги). Одговорна за оваа веб-страница и колачињата е „Порше Македонија ДООЕЛ Скопје”. Дополнителни информации за користените колачиња и нивното деактивирање може да се најдат
Активирајте ги сите колачиња
Затвори мени

Touran.

 

Новиот Touran Sky, покрај врвната опрема, пред сè нуди едно: неограничен поглед нагоре и сосема ново чувство на просторност. Тоа го овозможува големиот панорама издигнувачки/лизгачки покрив. Дополнителен комфор и безбедност овозможуваат сериските LED фарови и автоматското регулирање на растојанието ACC. Покрај големата предност во цената, моделот Sky освојува со петгодишната гаранција³⁾.

Панорама издигнувачки/лизгачки покрив Небесни погледи.

Големиот сериски панорама издигнувачки/лизгачки покрив преку ден нуди непречен поглед кон небото, а внатре ги пушта сончевите зраци и свежиот воздух.

Keyless Access Магично отворете ги вратите.

Поштедете се од барање на клучот за автомобилот и едноставно оставете го во чантата. Затоа што со серискиот систем за затворање и стартување „Keyless Access“, доволно е само да го носите клучот за возилото со Вас. Од растојание од околу 1,5 метри, клучот се препознава од системот и се отклучуваат вратите и задната врата штом ќе отворите една од предните врати со рака. Во возилото едноставно притиснете го копчето за стартување на моторот и патувањето може да започне.

LED фарови Изгледајте сјајно. Без да заслепувате.

Разбивањето на конвенционалноста е секогаш интересно - исто и за очите. Во однос на пријатноста за очите, светлото од LED диодите далеку го надминува светлото на конвенционалните сијалички со вжарено влакно. Тоа за Вас значи: Во темнина сте видливо порелаксирани додека патувате. Но, најдоброто: Сериските LED фарови изгледаат сјајно, но не ги заслепуваат учесниците во сообраќајот од спротивната страна.

Со 5 годишна гаранција Покрива неочекувани трошоци за поправка.

Целосна заштита: продолжувањето на гаранцијата на 5 години односно 100000 km³⁾ Ве штити од многу несакани трошоци за поправка со услуги, коишто целосно соодветствуваат со гаранцијата на производителот.

Варијанти на опрема

Дораснат на сите. Touran.

Секој сака да се вози со Touran. Бидејќи тој воодушевува со просторност и комфор. А и со убедливо динамичниот дизајн.

Се издвојува од другите, веднаш го забележувате.

Touran е возило коешто остава впечаток - дури и кога сте внатре и гледате надвор. Ова сестрано семејно возило опционално Ви нуди осветлен панорама издигнувачки/лизгачки покрив од 1,4 m². Тој неговата компактна димензија, практична за во големите. градови ја комбинира со интелигентен просторен концепт, одличен за долги патувања.

LED фарови

Изгледајте сјајно. Без да заслепувате.

Благодарение на опционалниот систем "Dynamic Light Assist", учесниците во сообраќајот од спротивната страна дури и при долго светло ќе ги залепите само со истенчениот дизајн на Touran. Но, опционалните LED фарови, како и задните светла, за предниот и задниот дел нудат и други предности.

Дознајте повеќе

Тркала

Окото следи.

Соодветни чевли за секоја облека: Со соодветните фелни од лесен метал, ќе успеете да оставите впечаток со својот изглед. За таа цел, на располагање Ви стои голем избор во однос на дизајнот, од конзервативен до динамичен.

Дознајте повеќе

Просторен концепт

Семејни излети во бизнис класата.

И без маска и шминка, Touran покажува огромна способност да се трансформира: благодарение на седиштата, коишто опционално нудат простор за до  шест мали или големи сопатници - или пак голем простор за товарање.

Дознајте повеќе

Панорама издигнувачки/лизгачки покрив

Театар под отворено небо за претставите на природата.

Големиот опционален панорама издигнувачки/лизгачки покрив преку ден нуди непречен поглед кон небото, а внатре ги пушта сончевите зраци и свежиот воздух. Во темнина, при отворени врати свети интегрираното амбиентално осветлување и овозможува пријатно светло во внатрешниот простор.

Дознајте повеќе

Искусете ги врвните карактеристики на Touran од различни перспективи.

Опционални Touran R-Line опреми.

Будење во шест. На училиште во седум и триесет. Во канцеларија во осум. И што со тоа? Поминете го Вашето секојдневие во спортски дух. Со Touran R-Line опремите.

R-Line „Екстериер и ентериер“

R-Line „Екстериер и ентериер“
Дополнете го семејниот изглед со доза спортски карактер.

Со R-Line "Екстериер и ентериер", Touran има одлична фигура, и однатре и однадвор.

Дознајте повеќе

 

R-Line пакет „Екстериер“

R-Line пакет „Екстериер“
Става целосен акцент на надворешните вредности.

Направете по Вашиот Touran да се вртат глави: со R-Line пакетот "Екстериер". Ги опфаќа сите обеми на R-Line пакетот за надворешниот изглед на Вашиот Touran.

Дознајте повеќе

 

Со полна брзина во светот на податоците.

Возењето во Touran е забавно - и тоа не само за оној што седи зад управувачот. Тоа го гарантира најмодерниот Connectivity на сите седишта. Ажурирање на профилите на социјалните мрежи или слушање на новиот омилен албум - тоа не претставува проблем благодарение на по желба достапните, феноменални опции на Infotainment како "Volkswagen Media Control" или "Car-Net App-Connect", како и Wi-Fi .

Car-Net App-Connect
Volkswagen Media Control
Радио и навигација

Само вклучете ја апликацијата.

Со по желба достапната „Car-Net App-Connect“ (достапна од Infotainment системот „Composition Media“), преку USB можете удобно на Infotainment системот да прикажете и ракувате избрани апликации на Вашиот паметен телефон. Најдоброто: За таа цел, уредот не мора ни да го земете в раце.

Вие управувате со возилото, а Вашите сопатници со музиката.

Volkswagen Media Control и на Вашите сопатници им овозможува ракување со Infotainment системот: сосема едноставно и комфорно преку таблет што служи како далечински управувач.

Убаво е кога сами смеете да го изберете Вашиот копилот.

Во Вашиот Volkswagen Вие одлучувате што се случува. За таа цел, имате избор од две радија: со соодветни звучници, техника која е едноставна за ракување и многу можности за приклучоци. Или земете еден од двата опционални навигациски системи, кои мултимедијално ја исполнуваат скоро секоја желба.

Комфор.

Сместете се удобно во Вашиот Touran. Неговата обемна основна опрема, едноставното ракување и многуте комфорни дополнителни опции овозможуваат секој ден целосно релаксирани да уживате во него.

Easy Open

Рацете Ви се зафатени, а сепак сè имате под контрола? Тоа е возможно со Easy Open.

Сезаме отвори се денес се вика Easy Open. Со еден клик, сè Ви е под контрола: Благодарение на опционалниот "Easy Open", рацете повеќе не мора да Ви бидат слободни за да ја отворите вратата од багажниот простор.

Дознајте повеќе

Клима уред „Air Care Climatronic“

Погрижете се за индивидуална клима за патување.

Добра вест за сите алергични: Функцијата за прочистување на воздухот и филтерот за алергени на опционалниот тризонски "Air Care Climatronic" од воздухот ги отстрануваат поленот, габичните спори и алергените. Убавата последица од тоа е што воздухот во внатрешноста на возилото е почист од оној надвор. А еве ја и добрата вест за сите: Возачот, совозачот, па дури и патниците на задните седишта може индивидуално, независно еден од друг, да си ја постават посакуваната температура.

Дознајте повеќ

7 седишта

На тој начин останувате флексибилни, а Вашите сопатници релаксирани.

Семејство, пријатели, колеги: Секој ќе си го пронајде своето место на најмногу седумте седишта. А благодарение на Easy Entry, комфорно ќе седнат и патниците на третиот ред седишта.

Дознајте повеќе

Интегрирано детско седиште

На тој начин, Вашите деца може комфорно да седат.

Опционално, Touran ќе го добиете со две интегрирани детски седишта. И комфорот на Вашите мали патници е земен предвид.

Дознајте повеќе

Препознавање врзан појас

Safety first. Дури и на третиот ред седишта.

Препознавањето врзан појас придонесува за Вашето чувство на безбедност. Оваа сериска функција на повеќефункцискиот индикатор Ви покажува ако сигурносен појас не е врзан односно ако повторно се одврзе - и на вториот и на третиот ред седишта. Како акустична помош, предупредувачки шум се огласува како тивок гонг.

Системи за помош.

Интелигентните системи за помош на возачот во Вашиот Touran овозможуваат поголем комфор при возењето и може да Ви помогнат многу добро да ги совладате критичните ситуации, па дури и целосно да ги избегнете. И покрај тоа што Вие оваа технологија ретко ќе ја забележувате, добро е чувството кога знаете дека таа е таму.

Говорно управување
Side Assist
Систем за помош при застој
Trailer Assist
ACC и „Front Assist“

Едноставно изговорете ги Вашите желби на глас.

Комуницирајте со Вашето радио или со навигацискиот систем: Новата генерација „Composition Media“, „Discover Media“ и „Discover Pro“ Ве разбира.

Не потценувајте ја потребата да погледнете наназад.

По желба достапниот систем за помош при менување коловозна лента на Touran во рамки на границите на системот Ви укажува кога ќе сакате прерано да ја промените коловозната лента. Тој Ве предупредува кога ќе препознае возила во мртвиот агол што возат покрај Вас. Тој и при излегувањето од паркинг-место Ви помага за прегледноста.

Go во Stop and go сообраќај.

Во сите ситуации со застој и Stop and go сообраќај на автопати и добро изградени регионални патишта, со опционалниот систем за помош при застој, Touran ќе се погрижи за Вас. Штом ги ставите рацете на управувачот, возилото автоматски за Вас забрзува, сопира и управува во рамки на границите на системот. Ќе забележите: Тоа е скоро толку релаксирачко, како и масажа на стапалата. Скоро.

Најмодерна технологија за приколки.

Предност има напредокот: Паркирањето наназад со приколки или трејлери повеќе не е предизвик - благодарение на иновативниот, по желба достапен „Trailer Assist“.

Држејќи растојание до покомфорно возење.

Со автоматското регулирање на растојанието ACC и во пакетот вклучениот систем за набљудување на околината „Front Assist“ заедно со City функцијата за итно сопирање, Вие ќе патувате порелаксирано.

Технологија.

Иновација значи да размислувате понапред – напредок е да профитирате од тоа. Заштедете со BlueMotion технологијата, уживајте во забавното возење со ефикасните погони и искусете ги технологиите за секој ден.

Технологија.

Мотори

Назад кон прегледот

Профитирајте од големата влечна сила со мала потрошувачка.

Патувате често и со задоволство, но сакате Вашата потрошувачка да биде ниска? Нашите TDI дизел мотори и TSI бензински мотори се ефикасни, силни и моќни и го исполнуваат стандардот Euro 6.

Висок степен на безбедност

Назад кон прегледот

Најдобри оценки на тестот за безбедност.

Touran спаѓа во најбезбедните автомобили во Европа тестирани од Euro NCAP: На независната, европска NCAP постапка, возилата со 5 и 7 седишта го постигнаа максималниот резултат со 5 ѕвезди. Со безбедносниот пакет од оптимирана каросериска структура, како и високо ефикасна комбинација од појаси, седишта и воздушни перничиња, се поддржува заштитата за патниците и пешаците. Покрај тоа, Touran нуди многу висок степен на комфор со иновативните, по желба достапни системи за помош на возачот.

Euro NCAP, 5 ѕвезди: други информации на www.euroncap.com

Електронски засилувач на гласот

Назад кон прегледот

Не мора да се надвикувате.

Ја олеснува комуникацијата за време на возењето: опционалниот електронски засилувач на гласот ја подобрува разбирливоста на гласот на возачот за патниците во задниот дел.

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team