VW TOURAN: 7 СЕДИШТА 

Ве молиме влезете: во новиот Touran бандата што ќе ја земете со Вас може да биде и поголема. Сериски, со Вас можат да се возат до пет лица на комфорните единечни седишта, а опционално со помош на трет ред седишта можете да им го пружите задоволството на уште два помали или поголеми патници да се возат со Вас. Патниците во третиот ред можат всушност сосема удобно да ги заземат своите места во Touran. Помошта при влегување Easy Entry го овозможува тоа: надворешните седишта од вториот ред за седење можат сосема едноставно да се спуштат и турнат. Благодарение на ISOFIX окцата за прицврстување на сите седишта од вториот и третиот ред можете безбедно да поврзете до пет детски седишта со Touran. А сигнализацијата за неврзан појас за секој ред седишта Ви дава информација за тоа, дали се врзани сите сопатници.

Close