Во патниот сообраќај може да се релаксирате ако одржувате доволно растојание до возилото пред Вас. Во тоа Ви помага автоматското регулирање на растојанието ACC, сериски од Comfortline.
ACC го мери растојанието и брзината на возилото пред Вас. Притоа, еден сензор ја регистрира областа пред возилото. Во колони и застои, системот целосно го сопира Volkswagen во комбинација со опционалниот менувач со двојна спојка DSG и за кусо време може и повторно автоматски да тргне. Системот може да го запре Вашето возило во рамките на своите граници при брзина до 210 km/h на доволно растојание од возилото пред Вас.
Понекoгаш се случува нешто неочекувано, така што е неопходно вонредно сопирање. Во такви случаи може да помогне системот за набљудување на околината "Front Assist" со вклучена City-функција за вонредно сопирање што е опфатена во обемот на опремата. Доколку се препознае критична возна ситуација во рамките на системските граници, "Front Assist" звучно и визуелно го предупредува возачот и подготвува можно вонредно сопирање. Доколку не се надмине опасната ситуација, системот автоматски иницира сопирање коешто во даден случај ја намалува брзината при судирот. И за време на фактичко сопирање, Front Assist му помага на возачот и овозможува - доколку е потребно - да се искористи максималната сила на сопирање.
City-функцијата за вонредно сопирање е проширување на системот "Front Assist". Таа може при брзина од 5 до 30 km/h во последен момент да реагира со вонредно сопирање пред судир.