VW TOURAN: СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ МАНЕВРИРАЊЕ СО ПРИКОЛКА "TRAILER ASSIST"

 

Маневрирањето со приколка може за неискусните да биде вистинско тестирање на трпението, бидејќи композицијата не реагира секогаш онака, како што можеби очекувате: понекогаш извозениот пат се појавува како одраз во огледало. Одлучувачки за прецизното возење наназад е аголот на управување: системот за помош при маневрирање со приколка "Trailer Assist" во рамките на границите на системот, го презема за Вас управувањето. Најпрво Вие го поставувате степенот за возење наназад, го притиснувате копчето за помош при паркирање и со прекинувачот за поставување на ретровизорите ја наведувате насоката, во којашто приколката треба да вози. Сега Вашиот Volkswagen управува автоматски, додека пак Вие и понатаму сте одговорни за менувањето степени, забрзувањето и сопирањето. Значи, во секое време ја задржувате контролата.

Close