Без разлика дали сте со кесите од шопинг, со спортските реквизити или со Вашето дете во раце: Вашиот Touran Ви отвора сосема нови можности. Практичната Easy Open функција Ви овозможува да ја отворите задната врата без да мора било што да пуштите од рацете.
Системот што е опционално достапен од варијантата на опрема Comfortline го препознава клучот за возилото во Вашиот џеб штом се приближите до Touran. Со лесен замав под задниот дел, ја отклучувате вратата од багажниот простор. Таа се отвора само толку колку да ги сместите Вашите ствари. Така со леснотија ќе го совладувате секојдневието, а товарањето ќе биде баш easy.