Оној што седи одзади, често не може добро да разбере што вели возачот. За да не мора да се надвикувате со шумовите од возењето, музиката од радиото или вревата однадвор, Ви помага електронскиот засилувач на гласот. Во комбинација со пакетот Family и радиото "Composition Media" или радио-навигацискиот систем "Discover Media", оваа функција го засилува Вашиот глас и го репродуцира на задните звучници. Притоа, кога сакате да им се обратите на Вашите сопатници, се користи микрофонот на уредот за разговор со слободни раце, за на пример да ја најавите следната пауза.