VW TOURAN:СЕДИШТЕ ERGO­ACTIVE 

Со опционалното ergoActive седиште со 14 насоки на поставување, исто така се одлучувате и за поспортска и покомфорна опрема за седишта. Седиштето ergoActive е достапно како седиште за возачот или за возачот и совозачот и е опремено со основна цврста структура прилагодена на `рбетниот столб. Освен тоа, седиштето може да се загрева и рачно да се поставува по висина. Дополнително, длабочината на седиштето и наваленоста на потпирачот можат индивидуално да варираат. Електричниот потпирач за `рбетниот столб со функција за масажа се грижи за релаксираност и оптимален комфор. ЕrgoActive седиштето за возачот може да придонесе како за избегнување на проблеми со грбот, така и за зголемен комфор при возењето. За таа цел, уште на 8-ми декември 2011 истото е одликувано со независниот жиг за квалитет "Проверено & препорачано" на акцијата Здрав грб регистрирано друштво, со кое се означуваат производите препорачани за грб.

Close