VW TOURAN: ИЗБОР НА ВОЗЕН ПРОФИЛ 

Секој има своја претстава за идеалното поставување на возилото. Со опционалниот избор на возен профил можете целосно според Вашите потреби да ги прилагодите погонот, управувањето, менувачот со двојна спојка DSG, па дури и поставувањето на клима-уредот. За таа цел Ви е достапна опцијата за избор на индивидуален профил. Доколку еднаш сте ги поставиле и меморирале сите функции според Вашите потреби, доволно е само притиснување на копче и Вашите претходни поставувања ќе се активираат. Или пак денес со задоволство сакате да возите особено економично? Тогаш префрлете се од нормален возен режим на Eco возен профил. 

Close