Во Touran не може секој да влезе - поленот, спорите, саѓите од дизел, прашината и другите алергени мора да останат надвор (без "за жал"). Здравјето во внатрешниот простор е на прво место. Тоа значи: Бидејќи функцијата за прочистување на воздухот и филтерот за алергени елегантно ги оставаат непосакуваните патници пред врата, воздухот во внатрешноста е почист од оној надвор.
И при прашањето за вистинската температура, повеќе нема да има реакции со негодување или црвени грла. Бидејќи со трите климатски зони на опционалниот "Air Care Climatronic" (сериски со Highline), возачот, совозачот и патниците на задната клупа може независно еден од друг да ја постават својата посакувана температура.
Благодарение на трите претходно конфигурирани климатски профили - "силно", "средно" и "нежно" - индивидуално може да се регулираат дури и зголемувањето на внатрешната температура и интензитетот на струењето на воздухот. На пример, профилот "нежно" соодветствува на потребните на чувствителните лица и помалите деца. Профилите се прикажуваат со икони.
Копче - и главче: "Air Care Climatronic" е интелигентен. Тој размислува заедно со Вас. Преку сензори, тој овозможува замаглените стакла да заминат во историјата, а при поставувањето на температурата, го зема предвид дури и сончевото зрачење. Освен тоа, звучноста на вентилаторот се намалува при побавно возење. А функцијата за одмрзнување ги заменува гребнатините на замрзнатите стакла.
Die Nutzung der Streaming Dienste erfordert ein privates Kunden-Datenguthaben (Datenpakete über eSIM oder WLAN-Tethering) und setzt einen bestehenden Account beim jeweiligen Streaming-Dienst voraus.