VW TOURAN: КЛИМА-УРЕД "PURE AIR CLIMATRONIC" 

Клима-уредот "Pure Air Climatronic" (сериски кај Highline) со регулирање на температурата во 3 зони, им дозволува како на возачот и совозачот така и на патниците на задните седишта, да си ја постават саканата индивидуална температура независно еден од друг. Дополнителните контролни елементи позади им овозможуваат на патниците во задниот дел да ги регулираат топлината, протокот и распределбата на воздухот. Режимот за индиректна вентилација напред придонесува за значително зголемено струење на воздухот. Доколку се постави степен за возење наназад или доколку се активира чистењето на стаклата, Climatronic автоматски го вклучува режимот на затворена циркулација на воздухот. На тој начин се избегнуваат непријатните мириси што доаѓаат однадвор.

Сите составни честички на воздухот што влегува однадвор не се пожелни. Поради тоа, Pure Air Climatronic располага со филтер за алергени со удел на активен јаглен, како и со сензор за добар воздух за контрола на квалитетот. Дополнително, возачот може да избира меѓу различните профили на клима, коишто влијаат на интелигентното електронско управување на "Pure Air Climatronic": доколку на пример, има мало дете во возилото, поставувањето "Слабо" може да помогне да се избегне инфилтрација на воздухот. Практично е тоа што клима-уредот може да ја разладува и фиоката за ракавици и на тој начин ужинките да останат свежи.

Close