Разбивањето на конвенционалноста е секогаш интересно - исто и за очите. Во однос на пријатноста за очите, светлото од LED диодите далеку го надминува светлото на конвенционалните сијалички со вжарено влакно. Тоа за Вас значи: Во темнина сте видливо порелаксирани додека патувате. Покрај тоа, по желба достапните LED диоди траат подолго, па и Вашите задни светла и стоп-светла поретко ќе се расипуваат. Но, најдоброто: Опционалните LED фарови изгледаат сјајно, но не го заслепуваат учесниците во сообраќајот од спротивната страна. Имено, по желба достапниот "Dynamic Light Assist" ги затемнува оние делови од долгото светло коишто би можеле да доведат до проблеми со видот кај тие што доаѓаат отспротива. Зарем овој изглед не освежува?