Ви треба малку, а можете многу: сите мотори на Touran го исполнуваат стандардот Euro 6. TSI бензински мотори или TDI дизел мотори: Штедливите и моќни агрегати воодушевуваат.
TDI моторите на Volkswagen се дизел мотори со турбо-полнење и директно вбризгување гориво. Се одликуваат со економичност, голема влечна сила и многу голема моќност. Освен тоа, тие се особено тивки при работењето и благодарение на високиот вртежен момент поддржуваат и спортски начин на возење.
TSI бензинските мотори се совршена мешавина од моќност и економичност. И при низок број вртежи, профитирате од максималниот вртежен момент. Со нивната комбинација од мала кубатура, турбо-полнење и директно вбнризгување, моторите овозможуваат рамномерно развивање на силата.