Флексибилен колку и Вие: ентериерот на Вашиот Touran.

Просторен концепт

Мајка, татко, дете, куче, маче, глувче: Во Вашиот Touran секој ќе си го најде своето место. Тој е убедлив со неговиот интелигентен дизајн и просторната понуда на простор. Со три целосни единечни седишта во вториот ред и опционално две единечни седишта во третиот ред, пријателите и семејството без мака ќе најдат место.

Во вториот ред седишта, рамниот средишен тунел овозможува едноставно влегување и удобен простор за нозете дури и на средишното седиште, додека до третиот ред седишта може многу лесно да се пристапи благодарение на Easy Entry. А ако просторот повеќе не е потребен за патници, сите задни седишта може да се претворат во рамна површина за товарање.

Особено практичната мултифункционална средишна конзола е составен дел на сериската опрема на Touran, а покрај средишен потпирач за раце, нуди и доволно простор за сместување за пијалаци, мобилни телефони и сè што би сакале секогаш да имате на дофат.

И во кокпитот се внимаваше да има многу комфор. Контролните елементи, како што се по желба достапните радио или навигациски уреди и клима уредот, се свртени кон возачот и со тоа овозможуваат особено пријатно ракување.

Со варијабилниот под за товарање во багажниот простор на Touran, којшто од Comfortline е составен дел од сериската опрема, подготвени сте за секакви ситуации. Тој е особено корисен при товарање тешки предмети: Притоа, можете да го кренете до работ на просторот за багаж и на тој начин целосно да го вметнете или извлечете товарот.

Пакетот за управување со багажниот простор нуди уште повеќе можности за сместување. Интегрираниот систем на шини во страничната облога, во комбинација со еластична мрежа којашто со Велкро прицврстувачи на страните може да се користи и како торба за багаж, овозможува индивидуално уредување на багажниот простор.

Затвори
За најдобро искуство при користење на веб-страницата
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Продолжувајќи да ја користите нашата страница, вие ја прифаќате употреба на нашите колачиња (основни колачиња). Колачињата што се предмет на задолжително одобрување (аналитички колачиња, функционални колачиња, колачиња за персонализирана содржина) се активираат само по нивното активирање. Ако се согласите да користите колачиња, податоците за идентификација ќе бидат обработени од наши партнери (даватели на колачиња и даватели на ИТ услуги). Одговорна за оваа веб-страница и колачињата е „Порше Македонија ДООЕЛ Скопје”. Дополнителни информации за користените колачиња и нивното деактивирање може да се најдат
Активирајте ги сите колачиња
Затвори мени

Touran.

 

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team