Семејното возило не може да изгледа спортски? Вашиот Touran може. Со R-Line пакетот "Екстериер и ентериер", тој ги исполнува барањата на семејниот живот и истовремено изгледа спортски. Специфичните браници се лакирани во бојата на возилото. Додека задната декоративна лента е во хром, во предните браници се интегрирани црни, сјајни отвори за воздух во C-форма. Исто така во црна боја со висок сјај се и проширувањата на праговите и дифузерот, како контраст на хромираните маски на издувните цевки (од мотори со 110 kW или повеќе). Сребрено елоксираните кровни шини ги обединуваат дизајнот и функционалноста. R-Line лого ознаките на страничните делови и вратите напред, како и на решетката за ладење објаснуваат зошто семејното возило изгледа како атлетски модел. Спортскиот изглед совршено се заокружува со 17-инчните тркала од лесен метал "Salvador" или 18-инчните тркала од лесен метал "Marseille". Но атлетскиот изглед не застанува само на надворешноста. При влегувањето, и внатре во очи паѓаат спортските детали: на пример, јасните ленти за влегување напред од алуминиум со R-Line лого, како и педалите и потпорите за нозе од четкан нерѓосувачки челик. Повеќефункцискиот спортски управувач од кожа со алуминиумски декор, R-Line лого и шевови во кристално сива боја, нуди спортски изглед за спортско чувство при возењето. Освен тоа, R-Line логото се наоѓа на почетниот екран на радио-навигацискиот уред. Врвните комфорни седишта имаат навлаки од материјалот "Race" во магнетик сива боја. Внатрешните перничиња на седиштата имаат материјал од микровлакна "San Remo" во антрацит боја, а шевовите ја имаат задржано кристално сивата боја. По желба, седиштата ги добивате со навлака од кожа "Vienna" во црна боја. Ако погледот го кренете нагоре, во очи ќе Ви падне внатрешниот дел на покривот во титан црна боја. Ентериерот го заокружуваат декорациите "Black Lead Grey" во облогите на вратите и на инструментната табла.
Unsere Fahrzeuge sind serienmäßig mit Sommerreifen ausgestattet.