Повеќе звук за улицата.

Радио и навигација.

Подготвени за омилениот концерт? Како дел од програмата се два радиосистеми и два навигациски системи, делумно и составен дел од сериската опрема и делумно како опција. Тие се разликуваат по видот на дисплејот, како и можностите за приклучоци.

Со радиото "Composition Colour" што е сериска опрема во Touran и Comfortline, ракувате преку дисплеј на допир во боја од 16,5 cm. Тој чита SD-картички и прима FM радиостаници. Осум звучника овозможуваат добро озвучување на сите седишта. Дополнително, има Bluetooth и USB интерфејс (тип C) како проширување на радиото.

Кај Highline, радиото "Composition Media" е опфатен со обемот на сериската опрема. Тој ги содржи сите можности за приклучок на претходно споменатиот модел и дополнително содржи USB интерфејс (тип A) за поврзување надворешни аудиоизвори, како и Bluetooth врска за мобилни телефони. Покрај тоа, со него особено комфорно се ракува, бидејќи екранот на допир во боја располага со дијагонала од 20,3 cm. Системот е опремен со корисни сензори за приближување: Ако прст се приближи до контролно поле на дисплејот, полето се прикажува зголемено. На тој начин, ракувањето станува уште поедноставно и полесно за корисникот.

Навигацискиот систем "Discover Media", којшто е опционален за сите варијанти на опрема, исто така поседува дисплеј на допир во боја од 20,3 cm. Друга опрема: осум звучника, прием на FM радио, читач за CD којшто репродуцира и музика во формат MP3, AAC и WMA, отвор за SD-картички и USB-интерфејс (тип A), како и интерфејс за мобилен телефон преку Bluetooth.

Ако сакате уште повеќе: навигацискиот систем "Discover Pro"* е Infotainment систем за оние со навистина големи барања. Тој нуди иновативно управување со гестови. Со тоа, може со едно движење на раката на пример да префрлувате од една на друга радиостаница. Дополнително, тој има екран од 23,4 cm, прегледен приказ на мапите во 3D и внатрешна флеш меморија. Говорното управување реагира на именувањето на местата и улиците и ја пресметува рутата според инструкциите. Освен тоа, системот го зголемува и комфорот при телефонирање: Телефонирањето со слободни раце е поудобно благодарение на Bluetooth технологијата.

* "Discover Pro": für Comfortline und Highline optional bestellbar

Затвори
Затвори мени

Touran.

 

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team