VW TOURAN:РАДИО И НАВИГАЦИЈА

 

Подготвени за концепт по Ваша желба? Радиото "Composition Media" и два системи за навигација се наоѓаат на програмата, делумно како составен дел од сериската опрема, а делумно како опција. Тие се разликуваат по видот и големината на дисплејот како и по нивните можности за приклучување.

Сериското радио кај Trendline и Comfortline "Composition Colour" го ракувате преку екран во боја на допир со големина од 12,7 cm. Тој чита SD-картички, прима FM/AM радио станици и располага со медиумски приклучок AUX-IN за поврзување на надворешни аудио извори. Тој дополнително нуди и CD-читач, како и осум звучници.

Кај Highline, радиото "Composition Media" се вбројува во сериската опрема. Тоа ги содржи сите можности за приклучување на претходно наведените модели и дополнително на MP3-CD-плеер, како и Bluetooth-врска за мобилни телефони. Притоа, тоа е особено комфорно за ракување, бидејќи екранот на допир во боја располага со дијагонала од 16,5 cm. Исто така, системот е опремен и со корисни сензори на приближување: кога го приближувате прстот до контролната површина на дисплејот, полето се истакнува во поголема димензија. На тој начин ракувањето е уште по едноставно и посигурно.

Опционалниот систем за навигација "Discover Media" за сите варијанти на опрема има исто така екран на допир во боја со големина од 16,5 cm. Останата опрема: осум звучници, FM/AM радио прием, CD-читач, којшто ја репродуцира музиката и во MP3, AAC и WMA формат, два влеза за SD-картички, интерфејси за AUX-IN и USB, подготовка за мобилен телефон преку Bluetooth.

Ако сакате уште нешто повеќе: системот за навигација "Discover Pro" е Infotainment систем за исклучителни барања. Тој нуди екран со големина од 20,3 cm, прегледен приказ на мапите во 3-D и интерна флеш-меморија. Говорното користење реагира на изговарање на името на местото и улицата и ја пресметува рутата по Ваша инструкција. Оттука, со помош на системот се зголемува и комфорот при телефонирањето: благодарение на Bluetooth  технологијата, телефонирањето со слободни раце станува уште покомфорно.

 

Hier finden Sie Downloads und Updates für Radio- und Navigationssysteme von Volkswagen

 

 

Close