За неистренираните, маневрирањето со приколка може да биде предизвик за нивното трпение, бидејќи композицијата не секогаш реагира така како што Вие можеби очекувате; меѓу другото, очекуваната патека се прикажува обратно. За прецизното возење наназад, од одлучувачко значење е аголот на вртење: Во рамки на границите на системот, системот за помош за приколка "Trailer Assist" за Вас го презема управувањето. Прво ставате степен за возење наназад, го притиснувате копчето за помош при паркирање и со помош на прекинувачот за поместување на ретровизорите ја задавате насоката во којашто треба да се движи приколката. Вашиот Volkswagen сега управува автоматски, додека Вие и понатаму сте одговорни за менувањето степени, забрзувањето и сопирањето. Што значи, Вие постојано ја имате контролата.