VW TOURAN: TDI 

Благодарение на Common-Rail технологијата, TDI моторите на Volkswagen се грижат за висок степен на активирање на моќност при намалена потрошувачка. Возилата од оваа генерација на дизел мотори работат со директно вбризгување и турбо полнење. Притоа, дизел горивото се вбризгува под голем притисок преку лајсна за распределба. TDI моторите се одликуваат со штедливост, голема влечна сила и многу висока моќност. Благодарение на високиот вртежен момент, агрегатите помагаат и при спортски начин на возење. Освен тоа, тие имаат особено ниска емисија на шумови при работењето.

Close