VW TOURAN: VOLKSWAGEN MEDIA CONTROL 

Volkswagen Media Control е достапна како посебна опрема за Touran. Во оваа апликација за Вашиот таблет-PC се кријат фасцинантни можности, од коишто профитираат особено патниците во задниот дел на возилото: можат комфорно да си ја изберат музичката програма и преку WLAN да добијат пристап до други функции на исто така опционално  достапните системи за навигација "Discover Media" и "Discover Pro". За "Discover Media" дополнително Ви е потребен опционално достапен CarStick. На пример, целите од адресарот на таблетот можат да се пренесат на уредот за навигација, и пребарувањето на рутите и на интересните цели на патувањето со помош на Google® ќе биде уште поедноставно. Вчитувањето го врши таблетот преку USB-приклучоците во напред и одзади во средишната конзола. Дополнителен комфор нуди по желба достапниот држач за таблет од Volkswagen додатоци.

Close