За најдобро искуство при користење на веб-страницата
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Продолжувајќи да ја користите нашата страница, вие ја прифаќате употреба на нашите колачиња (основни колачиња). Колачињата што се предмет на задолжително одобрување (аналитички колачиња, функционални колачиња, колачиња за персонализирана содржина) се активираат само по нивното активирање. Ако се согласите да користите колачиња, податоците за идентификација ќе бидат обработени од наши партнери (даватели на колачиња и даватели на ИТ услуги). Одговорна за оваа веб-страница и колачињата е „Порше Македонија ДООЕЛ Скопје”. Дополнителни информации за користените колачиња и нивното деактивирање може да се најдат
Активирајте ги сите колачиња
Затвори мени
Start Video

up!

 


Повеќе не може да конфигурира.

up! повеќе не може да се нарача со индивидуална опрема.

Толку личен колку и Вашата профилна слика.

up! воодушевува со свеж, индивидуален дизајн. Бидејќи тој нуди толку многу можности да го креирате по Ваш вкус, како никогаш до сега. Незаменлив и уникатен. Вашиот стил. Вашиот up!

Опрема и дизајн.

Онака, како што Ви се допаѓа: Сеедно дали е dash pad, амбиентално осветлување, навлаки на седишта, тонирање стакла, боја на странични ретровизори, боја на покрив и фелни, странично облепување или надворешна боја - дизајнот го одредувате Вие.

Екстериер

Оставете голем впечаток. До најситниот детаљ.

Имате само една шанса да го оставите првиот впечаток. up! има повеќе. Таа започнува со изборот на надворешните бои, но и не завршува кај изборот на тркалата.

Дознајте повеќе

Ентериер

Најубаво е во up!

Да влезете во up! е како да си доаѓате дома, бидејќи со многуте можности за индивидуализација внатрешниот простор можете да го креирате онака како што посакувате. Било да се работи за дизајнот, навлаките на седиштата или амбиенталното осветлување - одредете го ентериерот и едноставно чувствувајте се добро! 

Дознајте повеќе

dash pads

Живејте поубаво: со dash pads за Вашиот up!

Сакате да внесете уште повеќе сјај во Вашиот up!? Уредете го. Сеедно дали е шарен или класичен, со новите дизајни на dash pad маските можете да го индивидуализирате Вашиот внатрешен простор.

Дознајте повеќе

Фарови

Видете и бидете видени.

up! изгледа навистина добро, но не само одблиску. Благодарение на собореното светло и сериското LED-светло за дневно возење ќе бидете добро забележани уште од далеку - а по потреба, со долгото светло ја имате и потребната видливост надалеку.

R-Line

R-Line

Спортски, спортски: опционалниот R-Line пакет за "Екстериер". Сериски во Sport Austria, опционално за up! Highline се грижи за тоа, големината многу брзо да стане релативна. Многубројните дополнителни визуелни детали му помагаат на up! и однадвор да има самоуверен и динамичен настап, којшто и однатре му одговара.

Искусете ги врвните перформанси на up! од различни перспективи.

Infotainment.

Со навигација да стигнете до целта, при телефонирањето да разговарате со слободни раце, да ги примате актуелните информации за сообраќајот, да повикувате информации за возилото или да ја слушате сопствената музика - во up! модерниот Infotainment е удобен и едноставен.

Радија
maps + more dock
Апликација maps + more
Музички систем „beats“

Радијата во up! – пеењето е дозволено.

Ослободете го Вашиот талент за пеење. Модерните радија во up! се грижат не само за добра забава, туку нудат и многу корисни дополнителни опции.

Следна цел: World Wide Web.

Со опционалниот Volkswagen „maps + more dock“ многу едноставно ќе го поврзете Вашиот up! во мрежата: Инсталирајте соодветна апликација, сместете го паметниот телефон во држачот и започнете!

Апликацијата за Вашиот up!

Бесплатната апликација за up! Со „maps + more“ можете да ги искористите поволностите на Вашиот паметен телефон и додека возите. Едноставно инсталирајте ја апликацијата, приклучете го паметниот телефон во опционалниот „maps + more dock“ и додека возите користете ги функциите како слушање музика, офлајн навигација, повеќефункциски индикатор и друго. Тргнете!

Вашиот нов стерео-систем на тркала: featuring beats на up!.

Само во живо е поубаво: Засилувач со 8 канали од 300 Watt со дигитален сигнален процесор како и Premium звучници распоредени во внатрешниот простор со вклучен субвуфер овозможуваат кристално јасен, полн звук.

Системи за помош.

Во up! изненадувачки многу системи за помош на возачот се грижат за дополнителен комфор. Дури и ако ретко ја забележувате оваа технологија, добро е да се знае дека ја има.

City-функција за вонредно сопирање
Помош при паркирање
Камера за помош при возење наназад

Не познава ни секунда страв: City-функцијата за вонредно сопирање.

Интервенира веднаш кога ќе дојде до тоа: Сериската City-функција за вонредно сопирање во up! Ви дава поддршка при ненадејни сопирања, а може да помогне и да се спречи судир.

Храброст за празното место. Со опционалниот систем за помош при паркирање во up!

Тесни паркинг-места? И нема никој за да Ви помогне? Со опционалниот систем за помош при паркирање (составен дел од опционалниот drive pack) можете при паркирањето едноставно да се откажете од туѓата помош.

При возењето наназад со Вас е сосема напред.

Опционалната камера за помош при возење наназад кај up! се наоѓа во задниот браник и возењето наназад го прави многу поедноставно за Вас. Бидејќи сликата на камерата на дисплејот на радиото Ви го покажува напред она што брзо може да се превиди одзади.

Технологија.

Модерната технологија на мотори во up! се одликува со економичност, тракција и моќност. Токму она вистинското ако со задоволство и долго време патувате, но сепак сакате да ја одржите потрошувачката во умерени граници.

Технологија.

TSI

Назад кон прегледот

up! е отсега и со турбо за задоволство.

Од нула до задоволство за само неколку секунди: Турбо моторот овозможува возни перформанси на ниво на првиот Golf GTI. И тоа при потрошувачка од само 4,4 l/100 km.

Дознајте повеќе

Назад кон прегледот

up! безбедно пристигнува до целта. Со бензин. Со гас. Со струја.

Еден за сите. За сите еден: up! има мотор во програмата за секоја потреба. Сеедно дали е целосно спортски или штедлив. Вие избирате.

Безбедност

Назад кон прегледот

Големината не е важна.

up! е опремен со модерен концепт за безбедност и за тоа е награден од Euro NCAP со пет ѕвезди. Сериската City-функција за вонредно сопирање ја доби дополнително и наградата European NCAP Advanced Safety Award.

Комфор.

up! Ви нуди високо ниво на комфор во компактни димензии. Неговата сеопфатна основна опрема и едноставното ракување овозможуваат секој ден да уживате во него сосема опуштени.

Седишта

Ние ги резервиравме за вас најубавите места.

Седнете: Секој up! има седишта со интегриран потпирач за глава. И за секоја варијанта на опрема има сопствени, атрактивни навлаки за седишта.

Дознајте повеќе

Панорамски покрив

Сезоната на отворено може да започне.

Отворете го покривот, пуштете ја Вашата омилена песна и целосно уживајте во сонцето - што повеќе би посакале? Во up! со опционален панорамски покрив тоа е возможно!

Дозанјте повеќе

Climatronic

Чиста работа: Climatronic со pure air филтер.

Има нешто во воздухот. Но тоа нема да навлезе во Вашиот up!. Благодарение на опционалниот Climatronic со pure air филтер не е пријатна само климата, туку и воздухот во up!

Дознајте повеќе

Амбиенто осветлување

Модерна атмосфера, кул дизајн: up! шири амбиент.

Тука ќе Ви светне сијаличката: Со сериското амбиентално осветлување кое зависи од варијантата на опрема, на ентериерот на Вашиот up! ќе му дадете ексклузивен изглед.

Дознајте повеќе

Повеќефункциски управувач

Имајте сè при рака.

Со опционалниот повеќефункциски управувач управувате како со Вашиот up!, така и со радиото, медиумскиот плеер или телефонот. На тој начин рацете можете во секое време да ги држите на управувачот и да имате најдобра контрола врз Вашиот up!

Дозанјте повеќе

Возење со природен гас.

Eco up! помалку ја оптоварува животната средина благодарение на напредната Eco Fuel Blue Motion технологија. Со помош на ефикасниот погон на природен гас се намалува не само сметката за точење на градскиот автомобил, туку и емисијата на CO₂. Доколку резервоарот за гас е празен, секогаш ќе пристигнете благодарение на дополнителниот резервоар за бензин на една од 160-те станици за точење природен гас ширум целата сојузна област (состојба: април 2018). Никогаш досега додавањето гас не причинувало толкаво задоволство!

Вашиот паричник ќе биде задоволен.

Скромно и економично

Eco up! е всушност долг само 3,60 m, но целосно наполнет извозува патека и до 600 km. Неговото примарно гориво е природен гас - еколошка и поволна алтернатива за бензин. Оттука произлегува: Со eco up! дури и точењето е забавно. Бидејќи за целосното полнење на двата резервоара за природен гас ќе платите помалку отколку за точење со дизел или ото-горива.

Помалку значи подалеку.

Потрошувачка

За да бидете среќни не е потребно многу. Со 2,9 kg природен гас веќе сте во нови авантури - бидејќи со оваа количина можете со новиот eco up! да извозите до 100 километри. Со 82 g/km eco up! произведува помалку емисии отколку повеќето други возила во неговата класа. За и во иднина да можете да возите еколошки.

Beats up!: Звук на високо ниво.

За да бидете среќни не е потребно многу. Со 2,9 kg природен гас веќе сте во нови авантури - бидејќи со оваа количина можете со новиот eco up! да извозите до 100 километри. Со 82 g/km eco up! произведува помалку емисии отколку повеќето други возила во неговата класа. За и во иднина да можете да возите еколошки.

Го пресретнува секој звук.

Надворешните ретровизори во боја, декоративните фолии на страните на возилото и 17-инчните фелни од лесен метал се елементи во боја го прават up! beats вистински впечатлив. Во ентериерот тој убедува со праговите за влегување, Dashpad, седиштата и сигурносните појаси во боја односно со логото на култната марка. На совршениот настап ништо не му стои на патот.

Оставете голем впечаток. До најситниот детаљ.

Екстериер

up! beats го пресретнува секој звук и воодушевува со дизајнерските елементи кои меѓусебно се усогласени по боја, како што се куќиштата на надворешните ретровизори и впечатливото облепување со фолии.

На пат во најдобрата локација.

Ентериер

Во ентериерот на up! beats, една дополнителна dash pad маска во дизајнот "deep dimension", посебни прагови за влегување, седиште во дизајнот "beats", сигурносни појаси усогласени по боја како и сопствен, впечатлив "beats" дизајн на седиштата ќе се погрижат за вистинскиот визуелен впечаток. Радиото "composition phone", "maps + more dock", амбиенталното осветлување во бела боја и управувачот со бело лакираните краци припаѓа кон сериската опрема. А исто така тука се погриживме и за вистинскиот звук: Преку сериската интеграција на паметен телефон сега може да се репродуцираат само Вашите омилени песни.

За успешен настап од сите страни.

Тркала

Со 15-инчните фелни од лесен метал на up! beats патот ќе се претвори во Ваша бина: Средиштето на тркалото во боја и другите впечатливи елементи му даваат на посебниот модел неспоредлив изглед и веднаш паѓаат в очи.

Дознајте повеќе

Засилете го звукот на музиката!

Музички систем „beats“

Само во живо е поубаво: Засилувач со 8 канали од 300 Watt со дигитален сигнален процесор како и Premium звучници распоредени во внатрешниот простор со вклучен субвуфер овозможуваат во up! beats кристално јасен, полн звук. 

Дозанјте повеќе

Информативен материјал за Up!

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team