Користени возила

Користени возила

Das WeltAuto

Das WeltAuto е интернационален бренд на Volkswagen AG. Бизнисот на брендот е трговија со користени автомобили. Volkswagen AG е првата групација која воведе единствен глобален бренд за продажба на користени автомобили.

Стандардите на брендот гарантираат избор на висококвалитетни, сертифицирани користени автомобили со јасна позадина и историја, вистинска километража и добра техничка состојба и изглед. Систематската документација е транспарентна и достапна за секој потенцијален клиент. Сите автомобили подлежат на прецизен технички преглед со посветен софтвер, вклучувајќи и повеќе од 200 позиции. Листата за проверка вклучува проверка на:каросерија, мотор, менувач, електроника, суспензија, пренос на енергија и тест возење од сервис-инженер. Врз основа на овој протокол, се извршуваат брзи поправки, доколку ги има, за да може да се испорача безбеден и сигурен автомобил. 

Побарајте го вашиот автомобил од соништата.

Голем број на користени возила ви стојат на располагање.

Секој ден нешто ново!