VW Golf: Навигација 

Во новиот Golf можете да избирате меѓу два опционално достапни системи за навигација. Системот Discover Media е опремен со екран на допир во боја со големина од 20,3 cm (8 инчи), осум звучници, FM радио прием, CD-читач и две прегради за SD-картички, интерфејси за AUX-IN и за USB, интерфејс за мобилен телефон преку Bluetooth и гратис ажурирања на софтвер.

Ако сакате уште нешто повеќе: опционалниот систем за навигација Discover Pro нуди иновативно управување со гестови. На тој начин, само со движење на дланката ќе се префрлите на пример од една кон друга радио станица или ќе ги менувате поставувањата на системот на Вашиот автомобил, како што се интензитетот на светлината на внатрешното осветлување. Дополнително, на екранот со големина од 23,4 cm (9,2 инчи), може да се изврши и прегледен приказ на 3-D мапи. Тој располага и со осум звучници, FM радио прием, CD читач, којшто репродуцира музика и во MP3, AAC и WMA формат, две прегради за SD-картички, интерфејси за AUX-IN и USB како и интерфејс за мобилен телефон преку Bluetooth.

 

Тука ќе најдете информации за преземањата и ажурирањата за радио системите и системите за навигација на Volkswagen

 

Close