Новиот Golf

Подготвен за она што доаѓа.

Новиот Golf стои на стартната линија: спортски, динамичен и маркантен повеќе од кога и да било. Притоа најмодерните системи Infotainment, како и системите за помош се грижат да сте подготвени за она што ни го носат секојдневието и иднината. 

Галерија со слики

Искусете ги врвните перформанси на новиот Golf од различни перспективи.

Искусете ги врвните перформанси на новиот Golf од различни перспективи.

Опрема & дизајн

Надворешност

Динамиката се среќава со елеганцијата.

Веќе на прв поглед Golf - како и во секоја генерација, настапува со маркантен и самоуверен изглед. Од ново оформените фарови и браници, преку динамичната решетка за вентилација до задниот дифузер и впечатливите задни светла во LED техника.

Внатрешен простор

Просторот се среќава со комфор, квалитет & нови технологии. 

Сè тоа Ви го нуди новиот Golf во внатрешниот простор. Со една единствена цел: секое возење да Ви го направи колку што е можно порелаксирано.

Дизајн на светла

Ќе Ве осветли на прв поглед.

Дизајнот на светлата во новиот Golf може да се види и во повеќе атрактивни варијанти. Без разлика за која понуда ќе се одлучите: светлата придонесуваат за добра видливост.

Тркала

Изгледа добро за Вас: програмата за гуми на Golf. 

Со кој комбинација на гуми и фелни најдобро изгледа Вашиот Golf, е чиста работа на вкус. Тркалата од лесен метал во секој случај ја нагласуваат спортската природа на Golf.

Ефикасност

Мотори

Остварете профит од големата влечна сила при ниска потрошувачка.

TSI бензинските мотори и TDI дизел моторите се создадени за голем развој на сила при ниска потрошувачка и едноставно ќе Ве воодушеват. Погонот TGI BlueMotion исто така е динамична како и еколошка алтернатива, затоа што може да работи на природен гас.

4MOTION

Не губете ја прилепеноста за подлогата.

Не сакате да се откажете од извонредна тракција и на влажна и нерамна подлога? Благодарение на интелигентниот погонот на сите тркала 4MOTION кој можете да го добиете по желба, тоа е можно скоро насекаде.

Активен систем на цилиндри

Едноставно исклучете и штедете гориво.

При помала потреба од сила едвај ќе забележите кога моторот работи само со два цилиндри. Исклучувањето на цилиндрите го овозможува тоа. На тој начин можете значајно да ја намалите потрошувачката на бензин.

Избор на возен профил

Новиот Golf се прилагодува на Вашиот стил на возење. 

Преферирате да возите економично или спортски? Или повеќе вредност му придавате на комфорот? Со опционалниот избор на возен профил возните карактеристики на автомобилот прилагодувајте ги на Вашиот стил на возење и на условите на улицата и сообраќајот.

Инфотејнмент

Телефонија.

Ви ја олеснува комуникацијата.

Разговарајте. Но притоа задржете ги двете раце на управувачот. Новиот Golf за тоа Ви нуди два комфорни интерфејси за телефон.

Радија

Доколку сакате, можете да слушате и само радио.

Сакате музика за време на возењето, но притоа сакате да бидете добро информирани и да не се откажете од првокласниот комфор? Тогаш ќе бидете воодушевени од двете радија кои Ви стојат за избор.

Навигација

До целта стигнете со добра забава.

Двата опционални навигациски системи ви нудат мноштво на иноватвни функции и Ви ги исполнуваат сите желби. На овој начин ќе имате забава од прва класа а воедно и ќе останете на правиот пат.

Car-Net Guide & Inform

Бидете секогаш во тек и кога сте на пат.

 

Со Car-Net Guide & Inform ќе пронајдете возбудливи цели во Вашата околина, блиски паркиралишта или бензински станици. Освен тоа, можете да ги добивате актуелните информации за сообраќајот со помош на опционалниот уред за помош при заобиколување застој или пак вести од интернет.

Системи за помош

ACC & Front Assist

При преполни патишта останете сосема опуштени.

Дали понекогаш посакувате систем за помош, којшто за Вас ќе внимава на сообраќајот пред возилото? Со системот за автоматско регулирање на растојанието ACC и со системот за набљудување на околината Front Assist со вклучена City-функција за вонредно сопирање и систем за препознавање пешаци што се составен дел од пакетот, Вие можете да возите многу поопуштено.

Park Assist

Паркирањето може да биде многу едноставно.

 

Сè уште паркирате сами? Опционалниот систем за помош во управување при паркирање "Park Assist"  може да Ве поштеди од вртење со управувачот и да Ви го олесни барањето на место за паркирање. Со помош на ултразвучните сензори се препознава, дали Вашиот Golf одговара во просторот за паркирање.

Систем за помош при застој и Emergency Assist

За да Ве придвижи, кога повеќе ништо не се движи.

 

Опционалниот систем за помош при застој Ви помага при иритирачки Stop-and-go сообраќај и на тој начин може да помогне да избегнете типични незгоди предизвикани при застој. Опционалниот систем Emergency Assist може да препознае, доколку возачот повеќе не е способен да вози и да го преземе делумното управување со возилото.

Blind Spot сензор со систем за помош при излегување од паркинг место

Излегувањето од паркинг место препуштете му го едноставно на Вашиот автомобил.

Опционалниот Blind Spot сензор со систем за помош при и излегување од паркинг место Ве предупредува за време на возењето во рамките на системските граници  за возилата во мртвиот агол. При паркирање со возење наназад, тој ги набљудува областите странично и зад Вашето возило.

Комфор

Active Info дисплеј

Погледнете ги токму оние информации што сакате да ги видите.

Тахометарот е минато. По желба, можете да го замените класичниот цевчест приказ со дисплеј со висока резолуција. Иновативната инструментна табла Active Info дисплеј може да Ви даде многу повеќе информации од само оние за брзината и индикаторот за резерва на гориво.

DYNAUDIO Excite

За да не сте поставени само Вие совршено, туку и тоновите.

Музика во автомобилот што звучи подобро отколку од вашиот Hi-Fi уред? По желба достапниот музички систем DYNAUDIO Excite е прилагоден кон просторната акустика на возилото и Ви носи звук каков што не очекувате - дури и ако сте навикнати на High-End звук.

Седиште ergoActive

Доколку му посветувате исклучително внимание на Вашиот грб.

Подесувањето во 14 насоки на опционалното спортско седиште ergoActive Ви овозможува високо ниво на комфор при седењето. Возачкото седиште можете удобно да го прилагодите на Вашата телесна структура и на тој начин да го опуштите Вашиот грб. Иновативното седиште има интегрирана функција за масажа и може да се загрева.

Кожен ентериер

Седнете на безвременската елеганција.

Уживајте при секое возење во неспоредливото чувство на ексклузивен амбиент. Бидејќи по желба за Вашиот Golf можете да ги добиете најквалитетните опреми од кожа и Art-велур, меѓу другото и со греење на седиштата и удобен мултифункционален кожен управувач.

Ценовник