Еволуција на електричната мобилност
Со новиот ID.3, електричната -мобилност во Volkswagen продолжува со засилен интензитет: однадвор, јасните линии му даваат на ID.3 позрел изглед, додека одвнатре импресионираат висококвалитетните материјали и многубројните системи за помош како дел од сериската опрема. Ова е најсовремената целосно електрична мобилност.
Иновации кои го олеснуваат животот.
Втората генерација на ID.3 базирана на модуларен електричен погонски систем (MEB) благодарение на новиот ID. софтвер е поусовршена од многу аспекти: без разлика дали преку комфорните функции за полнење како што се Plug & Charge или практичните апликации, од кои некои може да се додадат како надградби (Upgrades) по купувањето.
Детали за новиот ID.3
Конективност: дигиталната врска со вашиот ID.
Понудите за конективност на Volkswagen ви овозможуваат повисок степен на комфор и поддршка. Поврзувањето на вашиот ID. со интернет и вашиот паметен телефон ви помага порелаксирано да стигнете до вашата дестинација -на вас е само да возите.