Топлинска пумпа

Како функционира топлинска пумпа?

Одржливоста има предност: Покрај билансно CO2с-неутрално1) производство на ID.3 и ID.4 Volkswagen и при изборот на средството за ладење презема одговорност во заштита на климата. Имено овде се воведува првата топлинска пумпа во светот со природен и климатски неутрален уред на средство за ладење R744. Преку големиот степен на ефикасност таа е најефикасниот начин да се загрее електрично возило при ниска надворешна температура.

Во споредба со мотор на согорување, кај електрично возило не настанува доволно преостаната топлина преку погонските компоненти за на тој начин доволно да се загрее внатрешниот простор.

Решение: Високоефикасен систем на топлински пумпи го кондензира средството за ладење под висок притисок. Топлината која притоа настанува се користи за да се загрее ладниот воздух кој струи.

Со тоа се троши помалку енергија од батеријата за високонапонското греење и се овозможува предност во досегот во однос на електрични возила без топлинска пумпа.

  1. Емисиите на CO2 - доколку е возможно - кај Volkswagen непосредно се избегнуваат и намалуваат. Подредените доставувачи се соодветно обврзани на избегнување и намалување. Емисиите на CO2с, кои не може да се избегнат и намалат кај VW и преку соодветни задолженија во синџирот на доставувачи, се порамнуваат во иста висина преку сертифицирани проекти за заштита на климата.
  1. Im Rahmen der Grenzen des Systems.