Wellness поставување

Wellness поставување

Да се чувствувате одлично може да биде и лесно

Возете комфорно, пристигнете уште подобро - со неговата опционална Wellness In-Car апликација¹, вашиот ID. ви овозожува да се чувствувате одлично. Со помош на апликацијата, за време на возењето или процесот на полнење може да активирате различни Wellness програми. Новиот концепт за контрола на климата со интелигентни отвори за воздух, по потреба, го контролира протокот на воздух на ориентиран и динамичен начин. Во комбинација на звукот, светлото, панорамскиот стаклен покрив, седиштето со масажа и климатизацијата, вашиот ID. на седиштето на возачот и седиштето на совозачот по желба ви пружа сеопфатно искуство на благосостојба. Во зависност од тоа како (сакате) да се чувствувате, може да користите различни потпрограми - од активност до релаксација.

VW ID.7
  1. За да ја користите апликацијата Wellness In-Car, потребен ви е кориснички налог на Volkswagen ID и посебен договор за VW Connect, кој може да се склучи онлајн на www.myvolkswagen.net или преку апликацијата „Volkswagen“ (достапна во App Store и Google Play Store) со Volkswagen AG. Дополнително, потребна е и идентификација на главниот корисник. In-Car App може да ја најдете во In-Car Shop на инфо-забавниот систем или во продавницата на Volkswagen Connect (на https://connect-shop.volkswagen.com), иако треба да се забележи дека достапноста може да варира од земја до земја. За преземање на Wellness In-Car App од In-Car-Shop потребна е активна интернет-врска. In-Car App може да се користи од сите возачи и не може да се пренесува во други возила. Повеќе информации може да најдете на connect.volkswagen.com и кај вашиот партнер на Volkswagen. Освен тоа земете ги предвид и актуелните општи услови за работа за Wellness App.