Мени
Затвори мени
Затвори

Подобрете го квалитетот на вашиот живот. Новиот Passat.

Високото ниво на комфор го подобрува квалитетот на животот.

Дали сте од оние зафатени луѓе кои често се на деловни патувања или кои се одговорни за организирањето на секојдневниот семеен живот? Во тој случај, за вас важно е да имате возило од доверба. Новиот Passat е тоа и многу повеќе: затоа што неговата работа е да ја олесни вашата работа. Благодарение на интуитивните функции, секое патување се претвора во искуство кое може да се ужива со високо ниво на комфор.

Надворешност Елеганција и динамика - веднаш кон поентата.

Успешна комбинација од спортски ноти и хармонични контури: динамичниот дизајн со експресивни светлосни единици на новиот Passat му дава сигурен и самоуверен изглед.

Внатрешност Напреден концепт на простор.

Опремата во внатрешноста не само што обезбедува комфор на високо ниво, туку исто така создава и пријатно чувство на простор. Врвните карактеристики вклучуваат висококвалитетни седишта и украсни лајсни.

Амбиентално осветлување Создадете индивидуални светлосни акценти.

Опционалното aмбиентално осветлување со приспособување на интензитетот нуди импресивно и уникатно чувство на простор.

Варијанти на опрема

Комфор

Passat импресионира на многу начини - со удобни функции кои придонесуваат за вашата благосостојба на долги, како и на кратки патувања.

Дигитален кокпит

Висока резолуција и интерактивност.

Аналогното е дел од минатото. Класичните кружни инструменти можете да ги замените со дисплеј со висока резолуција. Иновативниот дигитален кокпит може да ви обезбеди информации кои се далеку поопширни од брзината и нивото на гориво.

 

Повеќе

Easy Open

Лесен начин да го отворите багажниот простор.

Само замислете дека вашата релаксација започнува дури и пред да тргнете. Функцијата "Easy Open" ви овозможува да ја отворите електрично регулираната врата од багажниот простор само со мало движење.

 

 Повеќе

IQ.DRIVE

Во Volkswagen, IQ.DRIVE важи за сите интелигентни системи за помош на возачот. За сите оние системи кои веќе постојат во нашата компанија денес, за оние кои ги создаваме за утре и за оние за кои истражуваме за во иднина. IQ.DRIVE е синоним со сите иновативни идеи со јасен фокус: вашата удобност и безбедност.

IQ.DRIVE Карактеристики

Систем за помош во возење

Назад кон прегледот

Уживајте во комфор со притискање на копче.

Замислете дека системите за помош на вашиот Passat делумно го преземаат возењето. Тоа значи дека вашето патување денес е веќе поудобно и опуштено со опционалниот систем за помош во возењето.

Паркирање

Назад кон прегледот

Паркирањето никогаш не било полесно.

Самостојното паркирање за вас е дел од минатото. Со системот за контрола на растојание при паркирање, стандардно достапен од линијата на опрема Comfortline и со опционално достапниот систем за помош при паркирање можете да си заштедите многу труд кога паркирате и маневрирате, додека истовремено ја задржувате контролата врз вашето возило во секое време.

Електромеханичка серво сопирачка

Назад кон прегледот

Оптимизирана за кратки растојанија на сопирање.

Растојанието на сопирање на вашиот Passat може да се намали со стандардната електромеханичка серво сопирачка и во комбинација со системот за надзор на околината Front Assist со надзор на пешаци.1. Тоа може на пример да го намали ризикот од незгоди со пешаци.
1 Во рамките на границите на системот.

Систем за надзор на околината Front Assist со препознавање на пешаци

Назад кон прегледот

Сè на радар.

Системот може да препознае пешаци на патот и навремено да ве предупреди. Доколку не реагирате, тој може автоматски да сопре. Во идеален случај и во границите на системот, тоа значи дека може да се избегнат незгоди со пешаци.

Проактивен систем за заштита на патници

Назад кон прегледот

Заштита од сите страни.

Проактивниот систем за заштита на патници ве штити во критични ситуации, како непосредни судири, во рамките на границите на системот.

Start Video

Светска премиера Новиот Passat 2020

Инфозабавен систем

Во вашиот нов Passat вие и вашите патници ќе имате добра забава и поврзаност. Уживајте во извонредниот звук, интуитивната навигација и комфорот на системот за говорно користење кој ги слуша вашите наредби.

Непрекинат пристап до услугите за стриминг.

Стриминг на медиуми

Кога го возите вашиот нов Passat, сè уште можете да имате пристап до вашите омилени услуги: избраните услуги за стриминг како Apple Music се достапни преку Infotainment системот на вашиот Passat.

Повеќе

На повик: препознавање на говор.

Гласовна контрола

Зборувајте со системот за гласовна контрола без да го тргнете погледот од патот. Без разлика дали користите гласовна контрола за да ја изберете вашата омилена музика или да ја планирате вашата рута - системот препознавање на говор, кој е стандардна карактеристика на вашиот Infotainment систем, секогаш ви стои на располагање.

Повеќе

Радио CompositionЗабавувајте се.

Во вашиот Passat, вие избирате што сакате да слушате: радиото Composition, кое е дел од стандардната опрема, досадата ја прави невозможна.

Повеќе

Бидете во тек со добрата забава.

Навигација.

Опционално достапниот навигациски систем Discover Pro ви помага безбедно да стигнете до вашата дестинација. Импресионира со разновидните функции на Infotainment и посебните комфорни врвни карактеристики, како пакетот Streaming & Internet или We Connect Plus.

Повеќе

Поврзете се со светот.

Во Passat сте поврзани онлајн. И на ист начин како што сте навикнати во секојдневниот живот - секогаш и секаде, со пријатели, семејство и деловни соработници. Трајно инсталираната eSIM картичка ви овозможува директен пристап до мобилните онлајн услуги и другите услуги за возилото од We Connect. Тоа е непрекинато и стандардно. На тој начин ќе бидете информирани и добро ќе се забавувате додека патувате.

We Connect Plus

We Connect Plus. Поврзување.

Целиот свет на дигитални услуги од Volkswagen значи поврзување на ново ниво: We Connect Plus2 ви нуди дополнителни паметни функции како интелигентна навигација со информации во реално време, интернет радио или употреба на вашиот паметен телефон како далечински управувач - за уште повеќе поголема удобност и забава.

Мобилен клуч

Мобилен клуч. Вашиот Passat споделете го со другите.

Практично и паметно: доколку сакате, вашиот Passat можете удобно и брзо да го отворите и стартувате користејќи го вашиот паметен телефон како клуч. Исто така можете мобилните клучеви да ги испратите до вашите пријатели и членови на семејството, така што и тие ќе може да го користат вашето возило.

 

Повеќе

Информативен материјал за Passat

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team