Затвори мени

Guide & Inform. Целта пред очи во реално време.

Guide & Inform. Целта пред очи во реално време.

Опуштено низ секојдневието со Car-Net Guide & Inform. Најнови информации за сообраќајот, како и посебни цели, паркиралишта и многу повеќе во вашата околина.

Услиги Guide & Inform Basic

Онлајн информации за сообраќај

Нема застој. Нема стрес.

Со Онлајн информации за сообраќај, промените на вашата рута се прикажуваат речиси во реално време со помош на тековните информации за сообраќајот од интернет. Така навремено ќе бидете предупредени за пречки во сообраќајот и услугата ќе ви помогне да избегнете застој во сообраќајот.

  • Алтернативна рута се предлага автоматски.
  • Обезбедува прегледни и ажурирани информации за состојбата во сообраќајот, застои, пречки и расчистување на сообраќајни застои
  • сообраќајните податоци се повикуваат онлајн речиси во реално време
  • Динамичното водење до целта ги зема предвид можните заштеди на време врз основа на моменталната ситуација во сообраќајот
  • Јасен приказ во повеќе бои кои имаат различно значење
Онлајн преземање цел

Никогаш не ја губете целта од вид

Со Онлајн преземање цел испраќајте поединечни цели на системот за навигација на вашето возило уште пред поаѓање. Целите можат да се увезуваат преку веб-порталот на We Connect. Прегледната детална страница покажува повеќе информации и ви дава можност да се движите директно до целта.

  • Практичен пристап до зачуваните цели
  • Едноставно преземање цел со апликацијата We Connect
  • Има капацитет за 100 внесени посебни цели
Онлајн преземање рута

Целта во багажникот

Бидете подготвени: Со услугата Онлајн преземање на рута може едноставно да ги користите рутите во вашиот Volkswagen што сте ги креирале на вашиот компјутер или таблет. Откако вашиот систем за навигација ќе се поврзе на интернет и ги добие потребните податоци за мапи, може да се увезат до пет рути креирани на веб-порталот на We Connect.

  • Овозможува удобно планирање на рутата преку компјутер или таблет
  • Може да вклучи до десет попатни цели на рутата
Онлајн пребарување посебни цели (текст)

Најдете го секаде посебното

Без разлика дали е банка, бутик или бистро: Со Онлајн барање посебни цели можете преку Google™ насекаде да пребарувате омилени цели. За тоа се грижат постојано ажурираните податоци кои нудат многу изненадувачки и корисни откритија. Со тоа патувањето е уште позабавно.

  • Тековно ажурирани податоци со Онлајн пребарување (Google™)
  • Преглед врз сите релевантни посебни цели
  • Откријте нови лични омилени цели
  • Најдете побрзо, стигнете побрзо
Паркиралишта

Паркирајте без да чекате долго

Со услугата Паркиралишта пребарувате соодветни паркиралишта во близина на моменталната локација на возилото удобно и без фрустрација. Апликацијата го прикажува вкупниот број и бројот на слободни паркиралишта во околните паркинг гаражи. Покрај тоа, услугата ве информира за цените, работното време и оддалеченоста. Соодветните паркиралишта се прикажани во приказот на картата на системот за радио навигација.

  • Започнете ја навигацијата до соодветното паркиралиште директно од апликацијата
Бензински станици

Не мора да мислите многу за полнење гориво

Услугата Бензински станици ви обезбедува информации за бензинските станици во непосредна близина на вашето возило без стрес. Покрај локацијата, резултатот од пребарувањето содржи и информации за цените на горивата и соодветните времиња на отворање. Пребарувањето започнува или по ваше барање или автоматски кога нивото на резервоарот паѓа под дефинираното ниво. 

  • На барање, започнува навигацијата до избраната бензинска пумпа
  • Секогаш ажурирани податоци благодарение на врската со централната база на податоци
Станици за полнење

Секаде најдете приклучок

Со нашата услуга Станици за полнење на Car-Net (достапна за електрични и хибридни возила) целосно сте обезбедени. За да пристигнете до вашата цел без заобиколувања, услугата ја наоѓа најблиската слободна станица за полнење во вашата околина и се поврзува со вашата навигација.

  • Нуди детален преглед на сите станици за полнење во околината на возачот.
  • Навигира кон избраната станица за полнење или ја интегрира во водичот на рутата
  • Обезбедува информации за напојувањето и растојанието до станиците за полнење
  • Нуди опција за зачувување на целта за подоцнежна навигација
Извештај за состојбата на возилото

Смирувачки е, кога автомобилот сам се проверува

Извештајот за состојбата на возилото дава информации за тековниот статус на возилото пред патување на пример. Ги наведува постојните предупредувања и сервиси што следуваат или се задоцнети. 

  • Испраќа известувања по е-пошта веднаш штом се генерира извештај за возило
  • Доколку се побара извештај за возило, тој ќе се креира штом автомобилот "ќе се вклучи онлајн"
  • Покажува, на пример, информации за статусот на притисокот во гумите, нивоата на течности, степенот на абење на сопирачките и сервисните интервали
Вести

Вести кои се водат по вас

Со помош на апликацијата за вести ќе добиете вести што навистина ве интересираат. Тековните вести на претходно претплатените провајдери се прикажуваат во екранот на системот за навигација. Така, можете да патувате целосно опуштено и сепак да не ги пропуштите најновите случувања.

  • Може да се зачуваат до десет канали за вести истовремено
Време

Дознајте на какво време ќе пристигнете

Благодарение на услугата Време, ги добивате тековните податоци за времето за сопствената локација, дестинацијата или однапред дефинирани места. Системот го зема предвид веројатното време на пристигнување. Сите податоци се прикажуваат прегледно на екранот на системот за навигација.

  • Информации за моменталната температура, ветерот и времето во следните три дена
  • Барањата за проверка на времето се обработуваат врз основа на најновите информации од давателот на услуги
Менаџер за време

Сè во свое време

Користете го денот. Услугата Менаџер за време ви помага при тоа. На вашиот паметен телефон, тој се синхронизира со вашиот календар и пресметува врз основа на тековните податоци за сообраќајот и навигацијата кога е најдобро да тргнете. Така, секогаш ќе стигнете на време на вашиот состанок - и можете да го испланирате денот подобро. 

  • Пристапува до податоците за адреси и записите од вашиот личен календар
  • Го пресметува оптималното време на тргнување врз основа на тековните информации за сообраќајот и испраќа известување
  • Нуди детален преглед на предложените рути, претстојните состаноци и претпочитаните цели

Дополнителни услуги Guide & Inform Plus

Онлајн пребарување посебни цели (јазик)

Прашајте за нови откритија

Со Онлајн пребарување посебни цели (јазик) можете преку Google™ на секое место да ги барате вашите лични фаворити - дури и со гласовна команда. За тоа се грижат постојано ажурираните податоци кои нудат многу изненадувачки и корисни откритија, за патувањето да биде уште позабавно. 

  • Најлесен начин да ја откриете околината
  • Секогаш ажурирани податоци благодарение на врската со Google™
  • Може да се користи заедно со инфо-забавниот систем "Discover Pro"
Онлајн ажурирање карти

Веќе ништо не пропуштајте

Секогаш на вистинското место: Со услугата Онлајн ажурирање карти, можете лесно и удобно да испраќате нови податоци за навигацијата во инфо-забавниот систем во вашиот Volkswagen преку интернет. Веднаш штом ќе бидат достапни ажурирани мапи, ќе бидете информирани за количината на потрошувачка на податоци и потребниот мемориски простор. Потоа избраните ажурирања се преземаат и инсталираат на вашиот инфо-забавен систем. 

  • Нуди специфични за земја и регионални ажурирања
  • Овозможува ажурирањето да се преземе погодно преку домашната WLAN мрежа 
  • Може да се користи заедно со инфо-забавниот систем "Discover Pro"
Онлајн Gracenote

Бидете музички поврзани

Онлајн Gracenote автоматски го дополнува омотот на албумот за песната што ја пуштате во моментот. Омотите автоматски се зачувуваат во вашиот инфо-забавен систем и подоцна се достапни и офлајн.

  • Брзо препознавања на вашата музика преку пристап до онлајн податоци
  • Илустрација на соодветниот омот на албум за вашата омилена музика

Дополнителни услуги за Guide & Inform Premium*

 

*Услугите за Guide & Inform Premium се достапни само за Touareg

Хибридно радио

Вашата омилена радио станица останува покрај вас

Со услугата Hybrid-Radio се губат границите помеѓу класичното и интернет радиото. Ако ја напуштате областа на радио станицата, можете да продолжите да ја слушате вашата омилена локална радио станица благодарение на автоматското префрлање на онлајн стриминг.

  • Беспрекорно искуство на слушање откако еднаш ќе ја активирате хибридната функција
  • Збогатување на класичното радио (FM и DAB +) со онлајн информации
  • Префрлување на класичната радио станица кога ќе се стигне областа на емитирање
  • За користење на услугата, изборни пакети податоци може да се добијат од партнерот за мобилни комуникации Cubic.
Интернет радио

Безгранична радио забава

Без разлика каде се наоѓате - веќе не мора да се одрекувате од вашата омилена радио станица и поткасти, благодарение на интернет радиото.

  • Слушајте безброј национални и меѓународни радио станици и поткасти и откријте нови
  • Едноставно пребарување во стриминг базата на податоци на радио.нет
  • Целосна контрола на трошоците со изборни пакети податоци
  • За користење на услугата, изборни пакети податоци може да се добијат од партнерот за мобилни комуникации Cubic. 
3-D-приказ на град

Добро ориентирани во градовите

3-Д прикази со висока резолуција на околината ви ја олеснуваат навигацијата во избраните градови и даваат реални впечатоци за знаменитости и улици.

  • Ново градско искуство со навигација благодарение на деталниот приказ во 3-D
  • Соодветните модели на градови автоматски се вчитуваат во навигацијата во позадина
  • Интелигентно управување со складирање во облакот
  • Моментално може да се користи во осум градови, постојано проширување на понудата
Онлајн одредување рута

Пристигнете поинтелигентно

Кој е добро информирано, ќе пристигне побрзо: Онлајн одредување рута ја зема предвид моменталната состојба во сообраќајот и постојано ги проценува прогнозите за развоите од почетокот на патувањето.

  • Интелигентно водење на рутата со флексибилна реакција на променетите услови
  • Постојано надгледување на патувањето со помош на моќен сообраќаен сервер
  • Можна е промена во класична навигација во секое време, на пр, доколку услугата е недостапна
Сателитски карти

Ориентирајте се реално

Го доживувате приказот за навигација врз основа на фасцинантни сателитски слики. Овој реален приказ на околината ви ја олеснува ориентацијата во многу ситуации и ви овозможува лесно да најдете нови омилени места.

  • Фото-реален приказ на околината
  • Подобра ориентација
  • Вчитаните сателитски слики можат да се зачуваат на интегрираниот хард диск на инфо-забавниот систем и затоа можат да се користат и без активна податочна врска.
Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team