Новиот T-Roc
Пребарај

Новиот T-Roc.

Самодовербата е во неговите гени. Цените добар дизајн и самостојност? Самоуверениот T-Roc се истакнува со неговиот експресивен Crossover дизајн и неговите многубројни можности за индивидуализација.

Доживејте го филмот на светската премиера

Start Video

Опрема & дизајн Зад Вас оставете впечаток кој трае. Радувајте се на експресивниот дизајн, многубројните можности за индивидуализација и висококвалитетната обработка до најмал детаљ: T-Roc знае како да импресионира.

Лак во две бои
Карактер
Светло
T-Roc Sport
T-Roc Design
Лак во две бои

Издвојте се од масата.

Затоа што  монотонијата едноставно не Ви одговара. Со лакот во две бои на T-Roc Design докажувате стилска безбедност. За T-Roc Sport опционално на располагање имате црна и Flash црвена боја*.

*Достапна подоцна.

Карактер

Претставете се.

Барате автомобил со самостоен карактер? Со T-Roc ќе возите модерен Crossover, којшто импресионира со неговиот самоуверен дизајн.

Светло

Гледајте подобро.

Дење и ноќе: светлосниот концепт на T-Roc импресионира со неговиот самостоен дизајн и со маркантното светло за дневно возење кои е вградено во браникот.

T-Roc Sport

Спортски израз.

Со T-Roc Sport оставате впечаток. Со оваа опрема тој воодушевува со многу спортски детали за кои Вашето срце побрзо ќе бие.

T-Roc Design

Експресивен дизајн за Вашето секојдневие.

Во T-Roc Design радувајте се на особено големата флексибилност на дизајнот, како на каросеријата, така и на внатрешниот простор. За T-Roc, кој совршено ја рефлектира Вашата уникатност.

Галерија со слики

Врвните перформанси на новиот T-Roc од различни аспекти.

Врвните перформанси на новиот T-Roc од различни аспекти.

Инфотејнмент Добијте повеќе од секое возење. Искористете го времето во Вашиот T-Roc. Модерниот Инфотејнмент систем во T-Roc Ви ги прикажува најактуелните информации, Ви овозможува да телефонирате преку уредот за разговор со слободни раце или ги репродуцира Вашите омилени песни и Ве носи до целта. А доколку сакате, благодарение на говорното користење го слуша дури и секој Ваш збор.

Услуга за итен повик
Поврзување
Активен инфо дисплеј
Радио и навигација
Музички систем Beats
Комфорна телефонија
Услуга за итен повик

Вие сте во добри раце.

Добро е тоа што секогаш некој е тука за Вас: со опционалната услуга за итен повик, со притискање на копче во секое време можете да ја добиете централата за итни повици на Volkswagen. При незгоди автоматски се повикува помош.

Поврзување

Повеќе не возете без Интернет.

Интернетот може да биде толку многу корисен - исто и во Вашиот T-Roc. Опционалните онлајн услуги Car-Net "Guide & Inform", Car-Net App-Connect и Car-Net "Security & Service" нудат многу работи кои дополнително Ви помагаат во секојдневието исто така и во невообичаени ситуации.

Активен инфо дисплеј

Видете ги токму оние информации, кои сакате да ги видите.

Аналогната инструментна табла припаѓа на минатото. Класичниот приказ во форма на туба заменете го со дисплеј со висока резолуција. Иновативната, модерна инструментна табла Активен инфо дисплеј може да Ви даде информации, кои одат подалеку од информациите за брзина и приказот за наполнетост на резервоарот за гориво..

Радио и навигација

Останете на вистинскиот пат со добра забава.

Вие одредувате што се случува во Вашиот T-Roc. За тоа имате избор помеѓу две радија со соодветни звучници, техника која е едноставна за ракување и голем број на можности за приклучоци. Или одлучете се за навигацискиот систем "Discover Media", кој ретко остава неисполнета некоја од Вашите желби.

Музички систем Beats

Потребен Ви е бас?

Пуштете го гласот - Ве очекува Вашата сопствена улична свирка! Доколку сакате, уредот од специјалистите Beats Electronics во Вашиот T-Roc ќе се погрижи за правилниот бас. Затоа што тој докажува колку добар звук се слуша исто и кај марката на слушалките beats by Dr. Dre.

Комфорна телефонија

Останете добро поврзани во мрежа.

Со опционалниот телефонски интерфејс "Comfort" со индуктивна функција за полнење, Вашиот мобилен телефон може да се полни без кабел. Благодарение на индуктивното поврзување со антената тој поседува првокласен квалитет на говор. На тој начин можете удобно и слободно да зборувате и кога сте на пат.

Системи за помош Избегнете непотребен стрес. Дури и ако сте навикнати сами да се справувате со стресот: T-Roc може да Ви помогне во многу ситуации. Во најдобар случај, неговите системи за помош можат дури и да избегнуваат незгоди.

Релаксирано возење

T-Roc го овозможува тоа за Вас.

И во ситуации кои не се критични можете да им се радувате на системите за помош, како серискиот систем "Lane Assist", опционалниот систем за регулирање на растојанието, опционалниот систем за помош при застој, како и на системот "Emergency Assist" којшто можете да го добиете по желба. Затоа што возењето можете да го направите поудобно и во секојдневието.

Front-Assist со City-функција за вонредно сопирање

Останете сосем смирени и кога улиците се полни..

Дали некогаш си посакувате систем за помош, којшто за Вас ќе внимава на сообраќајот покрај Вас? Со серискиот систем за набљудување на околината "Front Assist" со City-функција за вонредно сопирање и системот за препознавање на пешаци можете да патувате порелаксирано.

Park Assist и систем за помош при паркирање

Освојте го патот. И слободниот паркинг.

Паркирањето може да биде тест за Вашето трпение. Добро тоа што во новиот T-Roc Ви помагаат опционалните системи за помош при паркирање и многу го поедноставуваат процесот на паркирање.

„Blind Spot“ сензор со систем за помош при излегување од место за паркирање

T-Roc Ви помага при менување на коловозна лента и излегување од место за паркирање.

Опционалниот "Blind Spot" сензор со систем за помош при излегување од место за паркирање за време на возењето во рамките на системот Ве предупредува за возила во мртов агол. При излегување од место за паркирање наназад ја набљудува областа странично и зад Вашето возило.

Комфор Тој одговара на Вашиот животен стил. Со неговата комфорна и великодушна структура, T-Roc Ви нуди голем слободен простор за да уживате во Вашиот карактер. За тоа придонесуваат и прогресивните дизајнерски елементи - како и многубројните можности за индивидуализација.

Индивидуален дизајн
Кокпит
Простор
Комфор
Индивидуален дизајн

Индивидуален како Вас.

Токму онака како што посакувате: оформете го внатрешниот простор на T-Roc Design според Вашите очекувања и подарете му индивидуален стил со шарени акценти.

Кокпит

Во кокпитот сè Ви е на дофат.

Добре дојдовте во кокпитот! Овде сè е уредено, така што секое Ваше возење ќе биде пријатно. А со повеќефункцискиот управувач (сериски од T-Roc Design) можете да управувате со многу функции, без да мора да ги тргнете рацете од управувачот.

Простор

Удобноста е важна.

Оној којшто не сака да се задоволи со обичните работи, тој најчесто сака и слободен простор. Можете да го добиете! Покрај компактните димензии, T-Roc нуди и многу место за патници и багаж. Удобно подигнатата позиција на седење е дополнителен плус.

Комфор

Создадете си удобност.

Ве молиме влезете и чувствувајте се пријатно. Во T-Roc Ве очекуваат комфорни седишта, а со тоа и висококвалитетна кожна опрема со акценти во боја којашто можете да ја добиете по желба, како и панорама стаклениот покрив којшто ќе ги отвори очите на Вашите сопатници.

Технологија Ефикасен и флексибилен како Вас. Очекувате моќ - пред сè од Вашиот автомобил. Затоа T-Roc опционално се нуди со 4MOTION за добра тракција скоро на секаква подлога, спортско подвозје за подобрено управување и систем за прилагодливо регулирање на подвозјето DCC.

Перформанс
Подвозје
4MOTION Active Control
Перформанс

Затоа што Ви е важно, кога енергијата ефикасно се искористува.

Со T-Roc нема досада. Тоа го покажува и неговата моќна програма на мотори. Овде се пристапува амбициозно - исто така и во однос на штедливоста.

Подвозје

Искусете ја спортската врска помеѓу автомобилот и коловозот.

Спортското подвозје и прогресивното управување ја подобруваат возната динамика кога со задоволство возите на спортски начин.

4MOTION Active Control

Останете суверени, исто и за време на напорни ситуации во сообраќајот.

Откријте ги новостите! Заедно со опционалниот погон 4MOTION на T-Roc, на располагање го имате 4MOTION Active Control кој Ви нуди соодветни поставувања за најразлични терени. Дополнително, во Onroad режимот преку изборот на возен профил можете да изберете еден од петте профили.

Ценовник